Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Економија

Минималецот од 600 евра не ја помина собраниската комисија за економски прашања

Барањето на синдикатите за минимална плата од 600 евра, поднесено од СДСМ,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Барањето на синдикатите за минимална плата од 600 евра, поднесено од СДСМ, влезе во собраниска процедура. Сепак, измените на Законот не го помина првиот собраниски филтер, односно Комисијата за економски прашања. Пратениците од опозицијата бараат покачување на најниската плата поради континуираниот раст на инфлацијата.

Во предлогот се наведува дека постојното ниво на минималната плата не обезбедува доволна заштита на животниот стандард и не ја следи реалната структура на трошоците на едно просечно домаќинство, а најпогодени се граѓаните со најниски примања. Пратениците од власта пак велат дека за зголемувањето на минималната плата треба да се договорат синдикатите и работодавачите и дека Владата како работодавач го решила проблемот со платите на вработените во јавниот сектор.