Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Минчев: Предлог-законот за висока раководна служба е клучен чекор за департизација и професионализација на администрацијата

Предлог-законот за висока раководна служба претставува клучен реформски чекор за департизација, професионализација…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предлог-законот за висока раководна служба претставува клучен реформски чекор за департизација, професионализација и зајакнување на мерит-системот во јавната администрација, изјави министерот за јавна администрација, Горан Минчев на гостувањето на една од националните телвизии.

Минчев посочи дека законот е дел од поширок реформски пакет кој го спроведува министерството, заедно со Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор. Целта, според него, е да се стави крај на партизацијата, непотизмот и вработувањата по партиски и други клучеви, и да се воведе систем заснован на знаење, квалитет и професионален интегритет.

Тој нагласи дека формирањето на Министерството за јавна администрација само по себе претставува потврда за постоење силна политичка волја за реформи, имајќи предвид дека законите што сега се носат повеќе од една деценија биле препорачувани во извештаите на Европската комисија, но не биле реализирани од претходните влади.

Реклама

Со новиот закон, како што објасни Минчев, прецизно се уредуваат условите, мандатите и контролата на високите раководни позиции, со посебен фокус на вршителите на должност. На тој начин, според него, директно се намалуваат можностите за злоупотреби.

Во однос на роковите, министерот појасни дека, и покрај евидентираното доцнење во фазите на подготовка, законот е поставен на ЕНЕР уште во декември 2025 година и веќе е отворен процес на јавна и инклузивна дебата. Процесот, како што истакна, се води транспарентно и во партнерство со релевантни институции, граѓанскиот сектор и меѓународни партнери, меѓу кои Британската амбасада и Центарот за управување со промени.

Минчев додаде дека во согласност со договорот со Европската комисија е обезбеден и грејс-период за финализирање на реформата, и изрази уверување дека процесот ќе биде успешно заокружен. 

Како што оцени, лидерската средба иницирана од премиерот претставува значаен чекор кон зајакнување на демократскиот амбиент и градење консензус за клучни законски решенија. На средбата, мешу другото е разговарано и за Законот за влада, кои измени и дополнувања се во завршна фаза во Министерството за јавна администрација, и се очекува во скоро време да влезат во собраниска процедура. 

Најави дека на почетокот од новата година ќе биде доставен нов пакет реформски закони, подготвени да влезат во законодавна процедура.