Реклама

Мицкоски: Очекувам наскоро конкретизација на проектот со американската DFC

Револуција на ТВ Алфа: Вештачка интелигенција за натсинхронизација на новата серија „Бурни времиња“

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Македонија

Милошоски: На Македонија за преговори со официјална Софија и треба стабилна влада во Бугарија

Предолго трае оваа политичка драма во Бугарија и на овие избори нема…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предолго трае оваа политичка драма во Бугарија и на овие избори нема убедлив победник, туку дополнителна фрагментација. Оваа ситуација ќе биде уште покомплицирана, бидејќи во составот на новото Собрание во Бугарија влегуваат три политички кои се радикална десница односно антиевропски настроени, истакна пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски.

Тој истакна дека на Македонија за понатамошни преговори со Бугарија и одговара стабилна влада во Бугарија со две партии и додаде:

„Пречките со напредокот на Македонија би ги поврзал со директна фрагментираност во Бугарија. Проблемот во Македонија настана во моментот кога во Бугарија имаше стабилни влади но за жал, претходната Влада во Македонија прифати услови со кои создаде пречка за сите идни влади во Македонија. Затоа сметам дека потпишувањето на тој фамозен втор протокол од страна на поранешниот министер Бујар Османи заедно советуван со Ковачевски, Маричиќ и другата група раководители на надворешната политика кога го направија најголемиот проблем кога дозволија Македонија да влезе во лавиринтот на билатерализација на историски прашања како пречка на патот кон ЕУ“, вели Милошоски.

Реклама

Тој истакна дека македонскиот план звучи логичен и наидува на разбирање кај голем дел од соговорниците во ЕУ.

„Според мене она што беше добиено како порака од посетите на владината делегација во Берлин е дека сепак македонскиот план звучи логично, има аргумент и истиот наидува на разбирање кај поголем дел од соговорниците во рамки на ЕУ, но мора да се напомене дека за истото треба да даде согласност и официјална Софија, затоа би било добро во Софија да има стабилна влада за да може да се разговара на еден рамноправен начин“, посочи Милошоски.