Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Милошоски: ДУИ да се наочи кон реформирање на сопствената партија, а не да испраќа патетични писма

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се справува со последиците оставени од владеењето на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се справува со последиците оставени од владеењето на СДС и ДУИ меѓу кои и огромен буџетски дефицит и падната доверба на граѓаните во институциите на системот, вели пратеникот и  член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

Но, од друга страна пак, посочува Милошоски, ДУИ тешко се справува со позицијата во опозиција и смета дека нивниот претседател, очигледно, во обидот да привлече внимание и кај актуелната влада и кај меѓународната заедница манипулативно отвара теми кои не соодвестуваат со реалноста.

Во однос на писмото кое денеска Ахмети го испрати до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, Милошоски вели дека самиот се побива бидејќи тој лично пред неколку години потврди дека Охридскиот договор е завршена работа и партијата ја ребрендираше во зелена.

Реклама

„Прво, самиот Али Ахмети се побива себе си со ова напишано писмо, бидејќи тој лично како претседател на ДУИ во 2021 година тука во Скопје промовираше на роденденот на ДУИ дека Охридскиот договор е завршена работа, националните теми се затворени и затоа ДУИ се трансформира во зелена партија со агенда за животната  средина. И сега одеднаш кога падна ДУИ во опозиција ја нема животната средина ја нема зелената агенда, не е приоритет, сега повторно се оди на етнизирање на одредени теми како балансерот или слични други алатки кои ДУИ кога била на власт се согласила да бидат избришани. И затоа сметам дека ваквото негово писмо е патетично и е еден очаен обид  за да се привлече внимание врз себе како одреден фактор од кој што зависи стабилноста или нестабилноста на државата, но тие времиња поминаа и најдобро е ДУИ да си посвети внимание на сопствените внатрепартиски реформи“, рече Милошоски додавајќи дека Али Ахмети има обврска да си ја реформира неговата партија од високата  корупција.