Реклама

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Македонија

Милошоски: Амбасадор може да биде лице кое што е државјанин само на Република Македонија и нема двојно државјанство

– Во однос на законот за надворешни работи, веќе е утврдено дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Во однос на законот за надворешни работи, веќе е утврдено дека амбасадор може да биде лице кое што е државјанин само на Република Македонија и нема двојно државјанство, и ние сметаме дека овој став и оваа законска одредба е правилна и не треба да се менува бидејќи државјанството значи и права и обврски кон одредена држава, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски во неговото гостување во емисијата „10 минути„ на ТВ21.

Милошоски појасни дека амбасадор кој има и друго државјанство освен македонското не може да добие безбедносен сертификат што би било хендикеп за истиот бидејќи нема да може да добива информации кои се државна тајна ниту од матичната држава, ниту пак од државата каде што е амбасадор.

– Доколку имате двојно државјанство, тоа може некогаш да значи и двојна лојалност што во дипломатијата како сензитивен сектор и професија исто како и во безбедносните служби, не е предност туку може да биде хендикеп. втората работа е поврзана со законот за класифицирани информации каде што е запишано дека на амбасадорот може да му се даде безбедносен сетирфикат од највисок ранг државна тајна, доколку е државјанин само на република Македонија. Ако има двојно државјанство, амбасадорот не може да има безбедносен сертификат за државна тајна, што значи дека ако утре имаме таков амбасадор во Варшава, во Берлин, во Вашингтон, во Пекинг, тој ќе биде хендикепиран амбасадор, нема да може да ги исполнува сите надлежности, да ги прима сите информации од матичната држава кои што се државна тајна, ниту пак од земјата домаќин а се важни за Македонија, рече Милошоски.