Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Економија

Милионски тендери во Комунална хигиена, а сметот не се чисти

Милионски тендери и склучен договор за сезонски работници во јуни. Дали навистина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Милионски тендери и склучен договор за сезонски работници во јуни. Дали навистина „Комунална хигиена“ нема пари и ресурси за да ги чисти контејнерите од ѓубре во Скопје? Милиони евра се потрошени на разни тендери, а резултатот е нула. Контејнерите се преполни, а Скопје се гуши во смет.

Откако градоначалничката на Скопје се „правдаше“ дека само 3 камиони со голем габарит се на располагање за собирање смет, се поставува прашањето што е со остатокот, дали се во дефект и дали можат возилата да се оспособат за градот повторно да биде чист.

Јавните набавки во Комунална хигиена се фрапантни. За една година, за набавка на пластични контејнери се потрошени 820 илјади евра. 300 илјади евра се дадени на резрвни делови, уште 400 илјади за сервисирање на камиони, за масла 380 илјади, а за гуми 470 илјади евра.

Реклама

За хонорарни вработувања, односно сезонски работници за чистење, се користат услуги од Агенции за привремени вработувања. Последниот ваков едногодишен договор, директорот Гоце Трајковски го склучил на средината на јуни во износ од 172.683 евра. На јавниот повик се јавиле 7 компании, но договорот паднал во рацете на Декра. Претходниот ваков договор, на иста сума, со истата фирма, бил склучен лани во јули. Градоначалничката Арсовска се жалеше дека и недостасуваат токму 120 сезонски работници, додека дел од градските советници велат дека овие луѓе ќе бидат задолжени за чистење на улиците, а не на контејнерите.

Од другите тендери, 70 илјади евра на пример се платени за тркала за контејнери, 67 илјади за мазива и антифриз, исто толку за некои интелектуални услуги. Само за тонери ќе се дадат 57 илајди евра.

Во последниот ден од мај, бил склучен и договор за Одржување и сервисирање на возила за собирање и транспортирање на комунален отпад со страничен утовар од садови за отпад од 2200 и 3200 л во вредност од 115.000 евра. Над 38 илјади евра биле наменети за сервисирање на бош пумпи.

За Резервни делови и нови четки за комунални возила метлачки се одвојуваат 192 илјади евра, а за нивно сервисирање 288 илајди евра ќе поделат две компании. Соодветни тендери има за разни видови на возила за собирање отпад, за резервни делови, сервисирање, хидраулика и слично.

И додека, ЈП склучува тендер по тендер, граѓаните од сето ова не гледаат ништо. Се уште чекаат контејнерите редовно да се празнат, да видат чисти улици и паркови и слободно и безбедно да се движат низ својот град.