Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Мицкоски ќе ја тужи Славјанка Петровска: „Да ги видиме доказите дека јас сум поддржувал и нарачувал убиства“

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека планира да поднесе тужба против пратеничката Славјанка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека планира да поднесе тужба против пратеничката Славјанка Петровска, по нејзините наводи дека тој поддржувал престрелки и криминални структури во Скопје.
Мицкоски изјави дека се консултирал со неговиот правен тим и најави дека ќе покрене тужба против поранешната министерка за одбрана, Славјанка Петровска.

„Со жалење го прочитав тој нејзин статус. Не и е првпат на Славјанка Петровска да нанесува удар врз мене и моето семејство на ваков подмолен начин, со многу лаги, измислици, конструкции. Таа за жал мене монструозно ме обвини, но јас тоа го оставам на нејзината чест и совест. Не би сакал да навлегувам во длабочината на нејзината мисла додека го креирала и го објавила овој пост. Се консултирав со мојот правен тим и ќе покренам тужба затоа што, како што нагласи, би сакал органите, судот, докрај да го расветлат тоа, да видат со какви докази располага Петровска, дека јас сум нарачувал и охрабрувал убиства, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во Владата.
Мицкоски додаде дека има семејство кое функционира низ градот и не би сакал, како што рече, да се најде во непријатна состојба.

Одредени политичари, како што е Петровска, се обидуваат да спечалат некоја политичка ловорика и да ме нападнат мене лично, а преку тоа и моето семејство. Ќе кажам дека не и е првпат. Не мислам дека ќе и биде и последен пат, но, преку мојот правен тим јас во текот на деновите кои следат ќе поднесам тужба, па да ги видиме тие докази со коишто располага Петровска, нагласи Мицкоски.

Мицкоски посочи дека обвинувањата се политички мотивирани, со цел опозицијата да добие предност и некој поен. Тој изрази загриженост за влијанието врз неговото семејство и ја повтори својата намера да ги заштити од дополнителна штета. СДС се распаѓа и се очекува да падне под 100 илјади гласачи и да се фрагментира. Внатрешни расколи и откривања на сериозни корупциски скандали прават партијата да не може да функционира без вакви непромислени изјави и потези.

Обвиненијата се појавија по убиството во близина на Трговскиот центар „Мавровка“ рано денеска. Петровска објави на Фејсбук, обвинувајќи ја вмешаноста на Мицкоски во криминални активности и вклучи фотографија на која се сугерира дека е со позната личност од скопското подземје.