Реклама

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Прилози

Мицкоски: Жал ми е што Арсовска добива закани по живот, ја повикувам да пријави во МВР, а МВР да испита

Премиерот Христијан Мицкоски ги повика надлежните институции што поскоро да постапат за…

Сподели:

Премиерот Христијан Мицкоски ги повика надлежните институции што поскоро да постапат за наводните чаирски дивоградби за кои обвинува актуелната градоначалничка Арсовска и за заканите по живот коишто биле упатени на нејзина адреса.

Доказите од страна на градоначалничката веќе се доставени до Обвинителството, па Мицкоски вели да се почека обвинителите да сработат и доколку се постапувало незаконски, како што вели, нема дилема дека законот си важи исто за сите. Тој ја охрабри градоначалничката да ги пријави заканите во МВР, а полицијата веднаш да постапи.

Мицкоски се согласува со својот коалиционен партнер Изет Меџити и актуелниот градоначалник на Чаир, Висар Ганиру, дека Арсовска е искористена како оружје од страна на ДУИ и е дел од сценарио за дестабилизација на државата.

Реклама

Градоначалникот на Чаир е во центарот на вниманието деновиве поради обвинувањата од страна на градоначалничката на Скопје, за нелегално градење во неговата општина. Тој на својот Фејсбук профил напиша дека со директна соработка, Арсовска, Димитар Апасиев и Блерим Беџети го држат главниот град во заложништво и ја казнуваат Општина Чаир.

Инаку, градоначалничката Арсовска вчера поденесе кривична пријава и докази за наводните злоупотреби од страна на Висар Ганиу откако Обвинителството предходно ја повика да ги достави. Според Арсовска, чаирскиот градоначалник учествувал во коруптивни зделки за издавање градежни дозволи за згради за кои Градот Скопје дал негативно мислење.

Случајно или не, на само неколку месеци пред локалните избори, мајката на градот реши да истражува корупција и незаконско работење во општините. Засега познато е дека таа нема да се кандидира за втор мандат.

Од владејачката ВМРО ДПМНЕ велат дека партијата на средината на јули ќе го соопшти името на новиот кандидат. Без разлика кој ќе биде, Мицкоски уверува дека според анкетите, нивниот кандидат сигурно ќе биде подобра опција и избор од понудата на опозицијата.