Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Мицкоски: Земјоделците се наш приоритет, годинава ќе добијат 120 милиони евра за директни плаќања

Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање дали оваа година се планираат директни исплаќања на земјоделците и колкава ќе биде поддршката од Владата кон нив, изјави:

„Да апсолутно, сакам да потсетам дека откако сме Влада, само во текот на минатата година кога бевме избрани како Влада од 24 јуни, па до крајот на 2024 година, се префрлени повеќе од 70 милиони евра за земјоделците. Со што се вратени оние долгувања од минатото и сега веќе имаме тековни исплати, што е добро. А, за следната црната година повеќе од 7,2 милијарди денари нешто над 120 милиони евра, се предвидени за директни плаќања за земјоделците, од централниот Буџет. Земјоделците се нашиот приоритет. Знаете изминатава година имавме навистина добри резултати и кај лозарите и кај јаболкарите.

Се сеќавате при крајот на годината со онаа рекордна висока цена кај тутунарите поддршка добија и оние коишто произведуваат раноградинарски производи сливарите. Потоа се обезбеди на пазар и за оризопроизводителите, пченицата, јачменот итн. Континуирано се помагаат земјоделците, така ќе продолжиме и во оваа година“, информираше премиерот Мицкоски.