Реклама

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Македонија

Мицкоски: Започна проектот за 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

До крајот на годинава, на општините ќе им бидат на располагање шест…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До крајот на годинава, на општините ќе им бидат на располагање шест милијарди денари од 250-те милиони евра што треба да бидат наменети за развојни проекти на општините.

 Јавниот повик за аплицирање на општините за инфраструктурни проекти е веќе објавен и направен врз основа на претходно утврдени критериуми и процедури на Министерството за транспорт, за животна средина и просторно планирање, образование и наука, социјална политика, демографија и млади, спорт и Министерството за култура и туризам.

Според премиерот Христијан Мицкоски, овие средства ќе имаат директно влијание за зголемување на економскиот раст и развој на општините и зголемување на квалитетот на живот на граѓаните.

Реклама

 – Испраќам апел што е можно повеќе општини, независно од политичката припадност на градоначалниците, да учествуваат на овој повик.

Ние сме Влада на сите граѓани и нашата цел е да се подобри животот на сите граѓани.

Овие пари значат повеќе проекти, решенија за нови улици, булевари, училишта, градинки, канализации, сè она што во суштина им е потребно на граѓаните, рече Мицкоски на денешната прес-конференција со министерот за локална самоуправа Златко Перински.

Според него, ова е прв ваков проект од толку обемен карактер за инфраструктурен развој на општините.

– Во минатото се правеле инфраструктурни проекти во главниот град, но никогаш секаде и за сите општини, во толку голем обем, како што е замислата со овие 250 милиони евра и свесен сум дека голем дел од општините се соочуваат со вистински потреби за развој на инфраструктурни проекти и капитални инвестции, рече Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека целиот процес ќе биде транспарентен и достапен и на увид на целата јавност.

 Министерот Перински посочи дека средствата ќе бидат оперативни од октомври и дека ќе бидат ставени на наменски сметки преку шест министерства од каде ќе се префрлаат на наменска сметка на локалните самоуправи.

Парите се обезбедени со Ребалансот на буџетот.

Локалните самоуправи можат да аплицираат со еден или повеќе инфраструктурни проекти од областа на културата, спортот, животната средина, патната инфраструктура, како и од областа на социјалната политика и образованието.

– Јавниот повик е веќе објавен и отворен на веб страната на Министерството за локална самоуправа и веб страната на Владата и е објавен во два печатени медиуми, рече Перински.

Рокот за пополнување на апликативниот формулар е седум дена и општините треба да го достават до Министерството за локална самоуправа.

Потоа, во рок од десет дена, целосната проектна документација општините се доставува до ресорното Министерство од областа на проектот каде ќе се врши евалуација.

– Евалуацијата се очекува да заврши во рок не подолг од десет дена и врз основа на неа ресорните министерства подготвуваат предлог одлука за тоа кои проекти ќе се финансираат од нивната област и таа предлог одлука се доставува на усвојување на владина седница, рече Перински.

Средствата ќе се доделат преку Министерството за култура и туризам, Министерството за транспорт, Министерството за социјална политика, демографија и млади, Министерството за образование и наука, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за спорт.

Целиот процес, нагласи министерот Перински ќе го следи владино Координативно тело.