Реклама

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија е прва во Европа по зголемениот број на туристи

37 нови градинки ќе бидат отворени до крајот на оваа и текот на следната 2027-ма година

Комисијата за заразни болести ќе даде препораки за заштита од западно-нилска треска, откако за една недела има нови 8 случаи

Разговори може, Бугари во Устав по бугарски терк не може: Македонија се уште жртва на капитулациите на Ковачевски и Османи

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Мицкоски: Очекувам пониски цени на горивата следната недела

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Македонија

Мицкоски: Законот за високо образование не е политичко, туку државно прашање, од кое зависи иднината на земјата

Предлог-законот за високо образование не се креира зад затворени врати, туку преку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предлог-законот за високо образование не се креира зад затворени врати, туку преку дебати со универзитетите, тој е заедничко решение со академската заедница и верувам дека ќе даде резултати. Ова не е закон на Владата, ова не е политичко, туку државно прашање, од кое зависи иднната на земјата и на нашите млади, кои сега не препознаваат квалитет во домашното високо образование.

Ова го порача премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција во Владата по повод пакетот закони за високо образование и за наука, кои се во владина процедура.

На прес-конференцијата, заедно со министерката за образование и наука Весна Јаневска, во присуство на ректорите од седумте јавни универзитети, тој нагласи дека треба да се престане со експерименти, туку дека се потребни системски решенија затоа што образованието е фундамент на секое општество. 

Реклама

– Долго време виското образование трпи големи штети зашто во 2018 се донесе законско решение уште полошо од претходното, со намалени прагови за напредување во звања, намалена продукција на научни трудови и намален квалитет. Во изминатите години немаше ниедна сериозна евалуација, ниту беа предложени решенија. Како Влада не можеме да дозволиме уште една изгубена деценија. Денес имаме воспоставен вистински партнерски однос со академската заедница и заедно со нив правиме нов закон – рече Мицкоски.

Нагласи дека законот за високо образование одговара на реалните предизвици, а во фокусот се младите и тие да се задржат дома и тука да ги градат иднината и кариерата. Меѓу новините, рече, е тоа што првпат најдобрите студенти ќе имаат предност при вработување на државните универзитети, се воведува и нов модел на финансирање на високообразовните установи.

Мицкоски соопшти дека 7,5 милијарди денари е буџетот на универзитетите и дека е значително поголем од минатата година, додавакјќи дека тој тренд ќе продолжи. 

Додаде дека фокусот ќе биде и на науката, поддршка на научни трудови, за нашите универзитети, како што рече, повторно да бидат препознаени како центри на квалитет и иновации.

Министерката Јаневска ги соопшти предностите на новиот закон и посочи дека во неговото креирање се слушнати мислењата на дебатите организирани на сите универзитети и оти се вградени сите конструктивни и аргументирани забелешки.