Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Мицкоски за тврдењата на Жан Митрев: Не ме изненадува, ќе чекам Обвинителството дали ќе постапува по допрен глас

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека не е изненаден, но дека нема што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека не е изненаден, но дека нема што да коментира и „ќе чекам да видам Обвинителството дали ќе постапува по допрен глас, исто што го чекаат сите граѓани во Македонија“, за тврдењата на Жан Митрев дека поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче барале начин како да дојдат до сопствеништво на неговата болница.

Прашан за коментар на изјавата на Жан Митрев, Мицкоски, одговарајќи на новинариски прашања по отворање на проширениот дел на ОУ „Блаже Конески“ во Аеродром, рече дека не го изненадува тоа, но и дека „јас немам што да коментирам, претпоставувам би требало обвинителството по допрен глас да коментира“.

-Но, мене тоа не ме изненадува. Ние знаевме какви мафијашки упади се случуваа особено во тој период кога се носеше таа, би рекол, вонредна состојба, кога со уредби со сила на закон се надсинхронизираше законот и Уставот во Македонија, изјави Мицкоски. 

Реклама

Има, посочи тој, многу сведоштва кои говорат за однесувањето на владата во тој период.

-Вие знаете, сè уште тие законски уредби и одлуки на Стево Пендаровски во тој период стојат, не поминати во Собранието, треба да ги видиме, и Собранието да се произнесе во периодот што следи, што со тоа, дали можеби има и одговорност тука од страна на поранешниот претседател, Стево Пендаровски и пред законите и пред Уставот, затоа што постојат основани сомневања дека голем дел од тие одлуки се спротивни на законот и спротивни на Уставот. Така што јас ќе чекам да видам Обвинителството дали ќе постапува по допрен глас, истото што го чекаат сите граѓани во Македонија, изјави Мицкоски. 

Претседателот на СДСМ Венко Филипче, вчера на прес-конференција најави тужба за клевета за, како што рече, наредбодавачите и извршителот и го повика Жан Митрев да отиде кај обвинител и да поднесе кривична пријава.

Жан Митрев завчера во емисијата Вечерно шоу на Богдан Илиевски изнесе тврдење дека поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче барале начин како да дојдат до сопствеништво во болницата „Жан Митрев“, за време на судскиот процес што се водеше против д-р Митрев.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: