Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Мицкоски за пожарите: Владата е нападната од домашни и странски центри на моќ

Организирани центри на моќ, во и надвор од земјава стојат зад пожарите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Организирани центри на моќ, во и надвор од земјава стојат зад пожарите во Македонија. Службите го информирале премиерот Мицкоски за хибридни напади добро организирани од групи кои не ѝ мислат добро на Македонија. Тие ќе продолжат и во иднина, но Владата ќе ги порази, дециден е Мицкоски.

„Сакам да кажам дека вакви работи ќе се случуваат и нема да престанат и сакам да упатам апел и до граѓаните дека вакви подметнувања и диверзии ќе има и во периодот кој што следи, затоа што има центри на моќ во државата, но и надвор, коишто не сакаат оваа Влада да успее. Ние ќе се бориме. Тие ќе продолжат да подметнуваат, ќе продолжат да креираат, да лешинарат, а ние ќе продолжиме да работиме, да се бориме и на крај ќе победиме“, изјави претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

Фирмата „Ф-групација“, одговорна за обработка и уништување на опасен токсичен отпад, ги исполнува условите за лиценца, но тоа не ги оправдува условите под кои таа работи. Според Мицкоски, ваквите слабости кај вакви компании стануваат таргет на хибридни напади кои се насочени кон токму овие ранливи точки во системот.

Реклама

„Можете да забележите и останати отпади во периметарот на пожарот, ги гледате условите под кои тие работат, а исто така ги гледаме условите од отпадите кои работат ширум државата. Ако мене ме прашате, тоа не се услови под кои треба да работат. Но истовремено, сите овие физички и хибридни напади кои се случуваат ќе ги таргетираат ваквите слаби страни и ќе продолжат да се случуваат“, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Премиерот нагласи дека Владата планира да ги засили контролите и на други места со слични капацитети. Тој упати апел до граѓаните да ги следат препораките на институциите и најави дека сите кои се наоѓаат во периметарот на пожарот ќе бидат соодветно згрижени. Владата презема конкретни чекори за подобрување на системот за управување со отпадот. Мицкоски потсети на распишаниот повик за регионална депонија за југоисточниот дел на земјата, на започнатата процедура за депонија во југозападниот регион, како и на напредокот во изградбата на пречистителни станици во Битола, Тетово, Скопје и други градови. На прашањето, дали ќе побара одговорност од министерот за животна средина Изет Меџити по објавите за негови предизборни партиски активности откако избувна пожарот, рече дека цело време биле во комуникација и оти се преземени сите потребни мерки.