Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Мицкоски за можни нови мерки: Владееме со ситуацијата, нема да избрзуваме со потези и нема да носиме решенија под притисок

Кризата не е само во Македонија туку и насекаде во светот. Но…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кризата не е само во Македонија туку и насекаде во светот. Но ние како држава имаме јасен правец и насока каде се движиме и притоа нема да избрзуваме со потези и нема да носиме решенија под притисок оти долговите што денеска оваа Влада ги враќа се токму резултат на такви избрзани политики без стратегија и богами многу криминални политики од минатото,- изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.

Во однос на тоа дали ќе има дополнителни интервенции за намалување на ДДВ-то и на други производи, премиерот рече дека во буџетот веќе има загуби на дневна основа, кои бројат милион евра на ден, но оти како Влада владеат со ситуацијата.

– Во овие тешки моменти како држава мораме да излеземе. Но имаме план имаме јасен правец, јасна насока каде се движиме и тука не треба никој да има дилема. Проблемот е тука. Јас не мислам да беседам на прес-конференции и да очајувам и да создавам паника кај граѓаните. Мојата цел е да кажам дека ние како Влада ја владееме ситуацијата, точно знаеме каде одиме и немаме никаква дилема, предизвици ќе има, тешко, не е лесно. Многу ни се собра, 2,5 милијарди треба да вратиме. Го враќаме и оној солидарен данок. Од април почнуваме со исплата на платите од новите колективни договори. Сè некако наеднаш дојде. Но тоа е што е сега. Нема да очајуваме, ќе се бориме – рече Мицкоски.

Реклама

Рече дека нема да избрзуваат со потези и оти не треба под притисок да се носат решенија.

– Да видиме како ќе се одвива работата, да не брзаме со потези, анализираме. Не треба под притисок да се носат решенија. Подобро малку назад чекор да видиме, да се анализира состојбата, па потоа да направиме два напред. Така што, не ни се брза. Не сакаме под притисок да носиме одлуки и решенија, кои може да имаат сериозни последици. Впрочем, овие долгови што денеска оваа Влада ги враќа се токму резултат на такви избрзани политики без стратегија и богами многу криминални политики од минатото – рече Мицкоски при посета на комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што беа пуштени во употреба шест комплетно реновирани операциони сали.