Реклама

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Македонија

Мицкоски: Време за одговорност и обединување

Време за одговорност и обединување – Христијан Мицкоски кој се поизвесно е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Време за одговорност и обединување – Христијан Мицкоски кој се поизвесно е дека ќе ја формира новата Влада од струшко Калишта порача дека за Македонија следува ново поглавје каде државата ќе биде на народот, а одговорноста и моралот темели врз кои ќе работи новата власт. Мицкоски се обрати и до оние кои ќе ги преземат функциите во новата Влада – поддршката ја имаат, но грешки , коруптивни или задкулисни игри нема да се толерираат.

„Следува ново поглавје, каде државата се враќа на народот, и Македонија мора да има резултати и сила за големи победи. Новото поглавје се темели на одговорност, на морал и вредности кои се обврзувачкото кредо кое мора да се почитува. За брзо од сега ќе имаме нова влада. Тоа го посакувавме од првиот ден на оваа наша напорна и голема битка. Но, формирањето на владата е лесниот чекор, затоа што крупните чекори мора да бидат резултатите кои мораме да ги испорачаме“, кажа Мицкоски.

Корупцијата ја јаде секоја слободна пора во општеството, а секојдневно младите ги пакуваат куферите – вината за ова треба да се бара во луѓето кои изминатите години тврдеа дека го следат сонот, но потфрлија во идејата за слободна, просперитетна и успешна Македонија  . Поделбите мора да се надминат , затоа што народот веќе премногу изгуби дециден е Мицкоски

Реклама

„ Не постои лева или десна, на власта или на опозицијата, не постои нешто како лош или добар народ, постои само една, Македонија, со пристојни луѓе кои заслужуваат среќа. Постои само една наша Македонија. Со историја пред која се поклонуваме, и иднина која мораме да ја создаваме сами и за која сме подготвени да се бориме. Немаме време да трошиме за жалење над неправдите врз нас, ниту пак за промашените шанси на тие пред нас. Ние самите мораме да ги создадеме наредните шанси и да ги издвојуваме заедничките победи“, истакна Мицкоски.

Мицкоски од Калишта, каде се одржува свечената трибина во чест на светите Кирил и Методиј вети дека приоритет ќе му биде да се овозможи подобар живот за граѓаните .

Мицкоски ги коментираше и реакциите за заклетвата на Сиљановска – Давкова – вели дека е интересно како тоа го свртело вниманието на грчката и европската јавност, а нашето непринципиелно чекање повеќе од 25 години никако не се коменитра и не е предмет на интерес. Сепак, потенцираше тој, нема откажување од европскиот сон зашто Македонија е Европа.