Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Мицкоски во Минхен со Схоф, Дојч, Рубио, Зеленски: Продолжуваме со убави вести, продолжуваме со пријатни изненадувања за македонските граѓани и за Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски со низа билатерални средби на вториот ден од 62-та…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски со низа билатерални средби на вториот ден од 62-та Минхенска безбедносна конференција ја продолжи интензивната дипломатска агенда во Минхен.

Мицкоски, во изјава од Минхен информира дека оствари средби со холандскиот премиер, Дик Схоф и Тед Дојч од Американско-еврејскиот комитет, дека присуствуваше на обраќањето на американскиот државен секретар Марко Рубио, а најави и  средби со претседателот на Украина, Володомир Зеленски, амбасадорот Гренел и претставникот на финансиската групација Голдман Сакс.

– Добар ден од Минхен, вториот ден од 62-та Минхенска безбедносна конференција. Денот го започнавме на средба со господинот Тед Дојч, инаку претседател на Американско-еврејскиот комитет. Средба на која што разговаравме за глобалните безбедносни предизвици, но и мирот кој што секогаш треба да претставува наша цел кон која што како политичари треба да се стремиме, изјави Мицкоски.

Реклама

Веднаш потоа, како што посочи Мицкоски, присуствувал на исклучително инспиративното обраќање на американскиот државен секретар, Марко Рубио. 

– Обраќање на коешто тој уште еднаш потенцираше за глобалните светски предизвици пред се безбедносни, но и она коешто за него е особено важно, а и она што особено беше важно во неговото обраќање, а тоа е нераскинливата врска помеѓу Европа како континент и Америка како континент, или да бидам попрецизен, како што тој ја нарече Америка – дете на Европа. Она што тој го порача и беше негова главна порака е дека како партнери и како пријатели треба да продолжиме да соработуваме во светот, и не само во рамките на НАТО алијансата, туку и заедно да ги решаваме сите безбедносни предизвици, но и економски предизвици кои што се исправени пред нас како два различни континента – Европа и Америка, изјави Мицкоски од Минхен.

Мицкоски имаше билатерална средба со холандскиот премиер Дик Схоф, на која, како што посочи, разговарале за три важни работи за нас како држава. 

– Првата, ние се наоѓаме во истата конституенца заедно со Холандија во СБ и ММФ. Под два, тоа се холандските инвестиции во Македонија, но и соработката со мултинационалната компанија Филипс и можноста за соработка во здравствениот сектор. И трета тема која што ја разговаравме – евроинтегративните процеси на Македонија во рамките на Европската Унија, изјави Мицкоски.

Тој, како што најави, денот го продолжува со други средби и состаноци.

– Една од тие средби ќе биде и средбата со претседателот на Украина, господинот Володомир Зеленски, потоа амбасадорот Гренел и исто така претставникот на финансиската групација Голдман Сакс. Следете нè – продолжуваме со убави вести, продолжуваме со пријатни изненадувања за македонските граѓани и за Македонија, изјави Мицкоски.

Премиерот Христијан Мицкоски од вчера престојува во повеќедневна посета на Сојузна Република Германија, каде што учествува на 62. Минхенска безбедносна конференција, на која, како што соопшти владината прес-служба, ќе ја реафирмира определбата на државата за предвидлив и фер процес на интеграција во Европската Унија, без дополнителни билатерални условувања.

Мицкоски е придружуван од министрите за одбрана, Владо Мисајловски, за надворешна политика и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и за внатрешни работи, Панче Тошковски.