Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Мицкоски во Брисел со јасен план бара гаранции дека ќе престанат уцените

Досегашната дипломатска офанзива која се покажува како успешна и позитивните пораки што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Досегашната дипломатска офанзива која се покажува како успешна и позитивните пораки што Македонија ги слушна периодов од Брисел ветар во грб за владината делегација која пред европските челници ќе ги претстави предлог решенијата за откочување на евроинтегративниот процес и отворање на првиот кластер. Премиерот умерен оптимист – барем од она што до сега го истакнуваше како негов став. Со цврсти заложби за реформирање, исполнување на домашните задачи ама и со јасно исцртани црвени линии, Владата на Мицкоски смета дека може да се постигне успех. На Самитот ЕУ – Западен Балкан Мицкоски го придружуваат министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и министерот за европски прашања, Орхан Муртезани.

На самитот ЕУ-Западен Балкан ќе се разговара за понатамошната интеграција на регионот преку Планот за раст, како и надворешните безбедносни и миграциски прашања, информираа од Влада.

Во рамки на дводневната посета, Мицкоски ќе се сретне и со претставничката за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, со шпанскиот премиер Педро Санчез, со премиерот на Полска, Доналд Туск, а утре ќе присуствува и на Самитот на Европската народна партија.

Реклама

Како што најави Мицкоски, на сите соговорници ќе им го посочи планот за надминување на проблемот со Бугарија – уставни измени со одложено дејство, што ќе ја заштитат Македонија од понатамошни блокади од источниот сосед.

Во меѓувреме поранешниот премиер на Бугарија Бојко Борисов, со критички изјави кон неговата земја. Вели дека Бугарија ја изгубила моќта и позицијата во НАТО и Брисел, за важни прашања меѓу кои и за евроинтегративниот пат на Македонија. Борисов најави учество на самитот ЕУ-Западен Балкан и средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан, додека преговорите за нова влада во Бугарија сè уште се во тек.