Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Прилози

Мицкоски во Берлин на состанок со шефови на влади од Западен Балкан, ќе разговара за проблемот со Бугарија

Премиерот Христијан Мицкоски од Берлин најави дека подготвува писмо преку кое ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски од Берлин најави дека подготвува писмо преку кое ќе се обрати до институциите на ЕУ и ќе бара достоинствено решение без диктат за евроинтегративниот пат на Македонија. Тој учествува на 10-тата средба на лидерите на шесте земји од Западен Балкан со земјите партнери од иницијативата Берлински процес. Оттаму најави преговори со европските лидери, нагласувајќи дека е достоинствено решение – согласно националните интереси.

За овој процес потребно е и разбирање од Унијата, која очекуваме да покаже еднаква верба во европската иднина на нашиот регион како што е и нашата верба. Македонија и нашите граѓани премногу дадоа и предолго се заложници на билатерални проблеми и барања. Не барам сочувства и изговори. Барам почит за мојот народ!“, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Реклама

Меѓу другото, Мицкоски вели дека е подготвен и да разговара со бугарскиот претседател Румен Радев за да се најде решение на долг рок. Во врска со оваа изјава на Мицкоски, Радев пак вели дека Бугарија и Македонија нема за што да преговараат, туку Македонија треба да води дијалог со ЕУ и да ги исполни условите за да ги отпочне преговорите.

„Ако зборуваме за дијалог, тој треба да се води главно меѓу Северна Македонија и Европската комисија, и тоа дијалог врз основа на прифатената Преговорачка рамка за Северна Македонија, која со консензус, едногласно е усвоена од сите земји членки на ЕУ, а е прифатена и од Владата на Северна Македонија. Значи, таму треба да се води дијалог, и тоа дијалог за условите кои треба да ги исполни Северна Македонија за да може да ги отпочне преговите за членство во ЕУ“, вели Румен Радев, претседателот на Бугарија.

Од Берлин министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски повтори дека и на средбите со европските лидери ги нагласуваат истиоте позиции во однос на билатералниот спор што со нас го води Бугарија, и никако поинаку.  

На средбата на лидерите на шесте земји од Западен Балкан, германскиот канцелар Шолц порача дека ЕУ не е целосна без државите од Западен Балкан. Канцеларот нагласи дека сите знаат колку регионот на Западен Балкан сè уште е обликуван од конфликтите од минатото и дека е време тие да се надминат и регионот да се насочи кон иднината.

Во однос на спорот со Бугарија, неодамна се огласи и евроамбасадорот во Македонија Михалис Рокас. Тој во интервју за МИА го повтори ставот на ЕУ дека процесот на пристапување се заснова на едногласност. Премиерот Мицкоски оствари и средба со шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис на самитот на Берлинскиот процес.