Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Мицкоски: Уставни измени без ВМРО-ДПМНЕ нема да има, Владата нема да попушти на уцени поврзани со бугарските барања

Уставни измени без поддршка од ВМРО-ДПМНЕ нема да има, порача премиерот Христијан Мицкоски денеска во во гостување во дневник на една од телевизиите во Македонија, посочувајќи оти актуелната Влада нема да попушти на, како што рече, уцени поврзани со бугарските барања. Мицкоски оцени дека претходната Влада на СДСМ и ДУИ „потпишала капитулација“ со прифаќање на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уставни измени без поддршка од ВМРО-ДПМНЕ нема да има, порача премиерот Христијан Мицкоски денеска во во гостување во дневник на една од телевизиите во Македонија, посочувајќи оти актуелната Влада нема да попушти на, како што рече, уцени поврзани со бугарските барања.

Мицкоски оцени дека претходната Влада на СДСМ и ДУИ „потпишала капитулација“ со прифаќање на тие барања и изнесе три пораки во врска со актуелната политичка состојба.

– Јас испраќам генерално три пораки. Првата порака е дека уставни измени без ВМРО-ДПМНЕ нема. Политичарите од опозицијата можат да бидат мекото ткиво на македонскиот идентитет и државност, и тоа е она кое што го избрале, јас не можам ниту да им судам, ниту да давам пофални зборови. Второ, јас сум свесен, апсолутно дека претходната Влада потпишала бел лист хартија која што ние ја нарекуваме капитулација, поради различни интереси. ДУИ имала едни интереси тогаш, СДСМ имала други интереси. Но, она што ги обединува е мислата и желбата дека ако потпишат бел лист хартија едноставно некој ќе им ја подари победата на парламентарните избори кои што следеа. Очигледно е дека тоа не се случи и тие се сега во длабоко опозиција и во внатрешно дезинтегрирање на структурите и на едната и на другата политичка партија – порача Мицкоски.

Реклама

Тој додаде дека Владата е свесна за обврските преземени од претходниот кабинет, но и за, како што наведе, обврските на Бугарија во однос на човековите права.

– Точно знаеме кој се обврските кои ги презела претходната Влада. Но, исто така точно знаеме кои се обврските кои што некоја претходна влада на нашиот источен сосед ги преземала, а тоа е доследно почитување на човековите права преку потпишување и ратифицирање на Резолуцијата за почитување на човековите права. Вие денеска имате 14 пресуди на Судот за човекови права минимум со кои што Бугарија се обврзува да дозволи регистрација на ОМО Илинден – Пирин, таа одбива тоа да го прави. И оваа Резолуција е многу порано пред да бидат прифатени овие услови од претходната капитулантска македонска влада на СДСМ и ДУИ – посочи Мицкоски.