Реклама

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Прилози

Мицкоски: Таравари реши да се приклучи на криминалниот блок, ВМРО ДПМНЕ нема да игра фудбалчиња во владините кабинети

Криминалот и минатото наспроти иднината и просперитетот. Ова се двата блокови кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Криминалот и минатото наспроти иднината и просперитетот. Ова се двата блокови кои ќе се спротивстават во Македонија на претстојните избори, вели Христијан Мицкоски откако Арбен Таравари одлучи да ја напушти коалицијата. Премиерот вели дека министерот за здравство во заминување одлучил да се приклучи на првиот концепт и дека неделава многу работи ќе станат појасни.

„Едниот е блок од минатото, блокот на криминал, корупција, срам, пљачка, блок кој тесно коалицираше со криминални банди. Повремено спортуваше во своите кабинети, играше фудбалчиња, баскет. Често пати се однесуваше, безобзирно кон граѓаните и знаеше да го збогати својот возен парк или возниот парк на своите најблиски со по некој „мајбах“, автомобил кој вреди неколку стотици илјади евра, додека граѓаните едвај врзуваа крај со крај во месецот. Имаше и такви кои беа љубители на недвижности па купуваа цели трговски центри… Тоа е едниот блок на кој за жал Арбен Таравари одлучи да му се приклучи и другиот е Блокот на чесните граѓани, блокот на Македонија, кој што сака да види една богата успешна земја во која ќе нема повластени“ вели премиерот Христијан Мицкоски.

Таравари самиот си поднесе оставка и рече оти очекува другите функционери од неговата партија да бидат разрешени. Кој ќе оди, а кој ќе остане се уште е нејасно. Еден од неговите поблиски соработници, вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, без прецизен одговор – се обрати со отворено писмо и се дистанцираше од Али Ахмети, но не кажа што планира понатаму.

Реклама

„Денес, заедно, се наоѓаме на историска раскрсница. Пред една година, донесовме храбра одлука – да ја предводиме долгоочекуваната, но никако задоцнета променa… Ние сме гласот на патот кој никогаш не минува преку Али Ахмети, ниту преку некој што не им го посакува доброто на Албанците“, изјави Арбен Фетаи – Вицепремиер за добро владеење

Министерот за европски прашања од редовите на ВРЕДИ, Орхан Муртезани, смета дека револтот кон потегот на Арбен Таравари само ќе расте и дека се повеќе функционери и поддржувачи ќе се дистанцираат од него и веројатно ќе одлучат да останат во власта за, како што вели, да не завршат во прегратките на Али Ахмети.

„Според нашите неофицијални информации тие ќе продолжат. Револтот кај сите поддржувачи таму е многу голем така да почекаме наредните денови мислам дека тој тренд ќе продолжи“, изјави министерот за европски прашања, Орхан Муртезани.

Арбен Таравари станува се поосамен во одлуката. Викендовнеговиот сопартиец Салим Сулејмани поднесе оставка од сите функции, вклучително и пратеничката. Со тоа Алијанса останува без пратеничка група и со само 4 народни избраници. Коалицијата ВРЕДИ, пак, ќе има еден повеќе, вкупно 10, зашто следниот на листата доаѓа од нивните редови.

Премиерот во повеќе наврати беше дециден дека манверите на Таравари нема да го ослабнат мнозинството и дека Владата останува стабилна.