Реклама

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Македонија

Мицкоски: Суштината е во тоа да не оценуваат за реформите и чекорите, а не според билатералните прашања и спорови

Прашање: Господин премиер доволно директен бевте пред останатите лидери на Западен Балкан,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прашање: Господин премиер доволно директен бевте пред останатите лидери на Западен Балкан, испорачуваме реформи бараме нашите партнери да не оценуваат според мерит системот, а не по билатералните прашања?

Одговор: Доволно долго сме во овој процес повеќе од 25 години, 20 години откако сме земја кандидат и навистина тоа што ние го доживеавме попатно не би сакал никој друг да го доживее. Но, очигледно е дека кога еднаш ќе воспоставите некој исклучок како правило тоа станува правило и понатаму и другите земји членки можат да се повикаат на тој исклучок кој што претходно е воспоставен и да прерасне како правило. Така што навистина не гледам повеќе суштина ако билатералните проблеми и билатералните спорови се тие кои што одлучуваат дали земјите треба да станат полноправни членки во рамките на ЕУ. За мене суштината која што ја гледам е испораката, реформите, чекорите кои што ги исполнуваат. И се додека тоа е врз системот на испорака, тогаш апсолутно ние како држава ќе бидеме компетитивни и убеден сум дека ние ќе бидеме тие кои што први ќе стигнат до конечната цел.

Прашање: Имаме ли омекнување во ставовите на европјаните?

Реклама

Одговор: Па зависи во кој дел. Јас повеќе сум концентриран овде на чекорите кои се дел од развојната агенда, односно развојниот план. Оние чекори кои што останаа во грејс период, а кои што претходно не беа испорачани, поради паузата за локалните избори, ние веднаш после завршувањето на локалните избори се фативме за работа и жестока испорака и до крајот на годината очекувам најмалку 8, а можеби и 10 од 12 неисполнети чекори, да бидат реализирани. Остануваат 2 проблематични. Првиот е субвенцијата за електричната енергија која што Владата преку своите механизми ја овозможува за граѓаните, бидејќи цениме дека доколку тоа не се случи, сметките за електрична енергија на граѓаните ќе се поскапат за најмалку 35, 40 проценти. И тој чекор рековме не можеме да го исполниме и нема да го исполниме во овој момент. И вториот е адаптацијата на Изборниот законик. Знаете таму какви политички гимнастики се случуваат во парламентот и тој е еден од оние закони во кои што пратениците можат да прават филибастеринг во рамките на парламентот. Така што се останато, останатите 10 за нас се реалност и мислам дека ќе успееме во рамките на крајот на оваа година или евентуално во првите 2 недели од следната година да го испорачаме тоа.