Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Мицкоски: Стотици милиони евра се изнесени од ЕЛЕМ и РЕК, затоа сакаат да генерираат нестабилност

„Само за неколку тендери во ЕСМ 100 милиони евра се однесени“, вели…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Само за неколку тендери во ЕСМ 100 милиони евра се однесени“, вели Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „За или Против“ на ТВ Алфа.

Премиерот Мицкоски нагласи дека постојат многу основани сомненија, односно како што рече тој до сега има неколку случаи каде што има основано сомневање до сега поткрепено со информации.

„Но, од сега па натаму ќе влеземе и со докази за сериозна злоупотреба. Имаме основано сомневање. Во дел на ова основано сомневање сме во траг, денеска имав состанок со членовите на новиот Управен одбор на АД ЕСМ и со оние информации со кои што јас располагам а им ги пренесов и ним, затоа што денеска им е прв работен ден, можам да кажам дека таму има барем неколку случаи каде што има основано сомневање до сега поткрепено со информации. Но, од сега па натаму ќе влеземе и со докази за сериозна злоупотреба“, изјави тој.

Реклама

Мицкоски истакна дека стотици милиони евра се украдени преку тендери, додавајќи дека за истите услуги кога тој бил директор на АД ЕСМ поранешно ЕЛЕМ се наплаќале по 86 денари, додека сега истото е зголемено за 3 до 4 пати односно за 240 денари.

„Стотици милиони се изнесени, украдени, буквално украдени преку тендери каде што за услуга се наплаќа од 3 до 4 пати, и на фирмите што сакаат да се јавуваат на тие тендери им доаѓа некој што им кажува немојте да конкурирате за тие тендери затоа што таа работа е наменета за некој друг“, објасни премиерот Мицкоски и додаде:

„Услуги кои што кога јас бев директор на тогашното ЕЛЕМ се плаќале за 86 денари, денеска се наплаќаат за 240 денари.“