Реклама

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Економија

Мицкоски: Состојбата со горивата во овој момент е стабилна, нема потреба од какво било ограничување

Состојбата во овој момент е стабилна, имаме стратегија и граѓаните и бизнисот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Состојбата во овој момент е стабилна, имаме стратегија и граѓаните и бизнисот не треба да бидат загрижени и да стравуваат зашто има обезбедени количини на нафта и деривати и во овој момент нема потреба од какво било ограничување, изјави премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција на која соопшти дека со одлука на вонредна седница на Владата денеска се намалени акцизите за дизелот и за безоловниот бензин и се продолжува траењето на намаленото ДДВ од 18 на 10 отсто за горивата до крајот на кризната состојба. 

Мицкоски посочи дека потрошувачката минатата недела достигнала рекордни 2 милиона литри на ден (околу 75 проценти дизел и околу 25 проценти безоловен бензин) и дека, рече, е жесток притисокот на северната, западната и на јужната граница каде што потрошувачката на одредени бензински пумпи е и триплирана затоа што граѓани од други држави доаѓаат да ги полнат резервоарите.

-Во овој момент нема потреба од какво било ограничување бидејќи во разговор со трговците и со снабдувачот добив уверување дека нема опасност да бидат загрозени домашните потрошувачи, иако од 1,5 милион конзумот (потрошувачката) е зголемен на 2 милиони литри на ден. Се надевам дека така и ќе остане и дека сето тоа што се случува во (Персискиот) Заливот ќе престане и состојбата во светот ќе се нормализира, односно режимот во Иран ќе претстане да го опструира природното право на трговија на земјите од Заливот и навремено снабдување на останатите потрошувачи со нафта и нафтени деривати од Заливот, рече Мицкоски. 

Реклама

На прашање дали се очекува зголемен притисок на нашите бензинските пумпи од странски државјани, тој одговори дека се очекува дополнителен притисок од Србија кога таму пред Велигден ќе  заврши двонеделниот регулиран период, како и од тоа какви ќе бидат цените на безрите од вторник. Притоа посочи дека неколку аеродроми од соседни земји од Македонија  добиваат керозин, како на пример аеродромот во Приштина кој целосно се снабдува со керозин од нашата земја.

Нагласи дека како држава до овој момент се справуваме онака како што очекуваат граѓаните од Владата и дека покажуваат  проактивност наместо ретроактивност. 

-Носиме мерки, ја следиме ситуацијата, предизвиците ги решаваме на дневна однова, а за големи предизвици ќе имаме одлуки и план и стратегија, истакна Мицкоски, нагласувајќи дека цената на горивата кај нас е најниска во регинот, па и во Европа.