Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Економија

Мицкоски: Со вчерашната одлука на Влада, Регулаторната комисија ќе ги намали акцизите за дизелот од 4 денари за литар, а за бензините 2 денари за литар

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека имаме стабилни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека имаме стабилни количини гориво и не треба да има никакви стравувања, иако потрошувачката е зголемена на дневна основа пшоради притисокот на одрдени погранични места.

– Од аспект на количини сме стабилни, имаме доволно, тука не треба да имаме никакви стравувања, зголемена е потрошувачката, од 1,5 милион литри на ден на два милиони литри на ден. Имаме притисок на одредени погранични места, ја продолживме и мерката 18 на 10 проценти ДДВ сè со цел да го заштитиме стандардот на граѓаните и бизнисите – изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посета на комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што беа пуштени во употреба шест комплетно реновирани операциони сали.

Тој повтори дека со вчерашната одлука на Влада овозможиле Регулаторната комисија да ги намали акцизите за дизелот 4 денари за литар, а за бензините два денари за литар.

Реклама

– Исто така, во разговор со „Окта“, лично разговарав и со раководството на „Хеленик петролеум“ во Атина, но и со раководството на „Окта“ тука во Скопје, и успеавме да обезбедиме дополнителен период од еден месец за оние три денари за литар дизел и два денари за безоловен. Кога сето ова ќе се стави во функција, тогаш за бензините треба да имаме и поевтина цена од онаа што е сега, а за дизел-горивата не би требало на одредени бензиски пумпи да имаме покачување и покрај тоа што имаме сериозна предизвикувачка состојба во државата, но и насекаде во светот – рече Мицкоски во одговор на прашањето каков ефект очекува со намалувањето на акцизите на горивата.

Премиерот рече дека она што претставува цел на Владата е да бидеме фактор на стабилност.

– И тоа го правиме, онаа Македонија што коленичеше и молеше повеќе не постои, сега имаме Македонија што помага, од која бараат помош, која рефлектира стабилност во регионот, зрелост и на тој начин ќе се однесуваме како Влада и во иднина и ќе ја следиме состојбата. Утринава, откако берзите на исток постепено ја намалуваат својата цена на продуктите, но да видиме како ќе затвори денот и да видиме како ќе затвори неделата, за да можеме да имаме некаков репер во врска со берзите, да знаеме какви ќе бидат цените на дизел-горивото и на безоловниот бензин со 95 и 98 октани – рече Мицкоски.