Реклама
Прилози

Мицкоски со порака до Јотова: Почитувајте ги Македонците во Бугарија, дозволете да се организираат барем во невладини организации

Посоветувајте ги малку бугарските власти и дозволете македонската заедница да се организира…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Посоветувајте ги малку бугарските власти и дозволете македонската заедница да се организира барем во невладини организации. Христијан Мицкоски и одговори на заменичката на Румен Радев ,Илијана Јотова, која ги повика колегите од Македонија да ги читаат европските вредности со поголемо внимание, бидејќи кога ќе сме почнеле со преговори, првото поглавје ќе било- „Основни права“.

Мицкоски вели Македонија ги почитува правата на Бугарите и дека  Бугарија е таа која треба да ги почитува на Македонците. Повтори дека официјална Софија има 14 пресуди за кршење на основните права на македонската заедница.  

-Апсолутно ние како држава ги почитуваме и постапуваме доколку постојат такви пресуди од институцијата која е одговорна да носи одлуки за почитување или непочитување на човековите права, а тоа е судот за човекови права во Стразбур. Еве ги повикувам истите тие кои ни даваат нам совет, да ги советуваат и бугарските власти, да можат да дозволат македонската заедница да се организира барем во невладини организации, ние не бараме да бидеме дел од Уставот, барем од тоа што таму сум го слушнал, изјави Мицкоски.

Реклама

Јотова чија земја доби и неколку опомени од Советодавниот комитет на Советот на Европа, кој укажува дека во Бугарија се забележува недостаток на свест за малцинските права, проблем не гледа кај нив, туку кај Македонија. Според неа неподносливо било кога една страна треба да го трпи недостатокот на почитување на човековите права, со газење на правото на изразување, да кажувате кој сте и од каде доаѓате и со кое потекло.

-Би сакала да ги повикам моите колеги од Република Северна Македонија да ги читаат европските вредности со поголемо разбирање, бидејќи тогаш, кога ќе започнат вистинските преговори за пристапување во ЕУ, постои едно главно прво поглавје – „Основни права“. Овие права минуваат низ целиот преговарачки процес и ако има барем една земја која верува дека не се почитуваат човековите права, особено оние на претставниците на различни народи и народи, овој процес никогаш нема да заврши, кажа Јотова.

А конкретно, најнов пример за непочитување на правата на Македонците во Бугарија е забраната за одбележување на годишнината од Кресненското востание. Македонскиот клуб за етничка толеранција известува дека, како и во минатите години, поднеле известување до Општина Кресна за полагање цвеќе пред споменикот на Димитар Поп Георгиев Беровски, но добиле одговор дека на 20 октомври, датумот на настанот, општината има планирано други активности.

Матеја Петровски