Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Мицкоски со одговор до бугарското МНР: Орбан понудата ја даде во име на претседателствувањето со ЕУ, уцени не прифаќаме

Македонската влада не е наивна и нема на паѓа во замките на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската влада не е наивна и нема на паѓа во замките на Бугарија чии политичари по секоја цена сакаат да го злоупотребат македонското прашање во предизборната кампања. Премиерот Христијан Мицкоски е дециден дека Македонија нема да прифаќа уцени и ултиматуми, а евентуални нови преговори со Бугарија ќе се водат врз основа на принципи и вредности. Тој повтори дека е подготвен да разговара со источниот сосед за изнаоѓање на решение кое ќе биде прифатливо за двете страни, а не како неговите претходници кои замижуваа на сите провокации и се согласуваа на исполнување на сите барања од Софија. 

  • “Бугарија, бугарската Влада, бугарскиот претседател и политичари сакаат сега да ја вовлечат темата Македонија таму во нивното предизборие. Јас сум го кажал тоа повеќе пати, ние нема да бидеме наивни и да влегуваме во такви замки. Имаме наш интерес и наша цел и сакаме да чекориме цврсто кон реализирање на тој наш интерес и нашата цел. Што се однесува до разговорите со нашиот источен сосед ние сме подготвени кога сакаат и врз основа на која платформа или план сакааат да седнеме да разговараме и да најдеме решение и нормално, да ги почитуваме меѓународните стандарди”, рече Мицкоски.

Оваа реакција доаѓа откако бугарското МНР порача дека процесот на евроинтеграции не дозволува посредување меѓу Европската Унија и земја-кандидат. Нешто што го понуди премиерот на Унгарија Виктор Орбан.

  • “Она што беше понуда од моменталниот претседавач со ЕУ, тоа е претседателот на унгарската Влада Виктор Орбан, е во име на претседателствувањето со Европската Унија. Сега треба да видиме кој во Бугарија какви сигнали испраќа, некој испраќа едни, други испраќаат други сигнали. Кај нас сигналот е јасен  сакаме решение кое ќе биде достоинтвено. Уцени и ултиматуми не прифаќаме”, рече премиерот Мицкоски.

Денот кога од Брисел стигна веста за одвојувањето на Тирана и Скопје во преговорите со ЕУ, премиерот на Унгарија Виктор Орбан оцени дека ваквиот потег е „историска грешка“, и понуди, Унгарија да биде посредник меѓу Македонија и Бугарија.

Реклама

Истиот ден бугарските политичари го одбија ова барање, а во најновата реакција, бугарското МНР порача дека единствена гаранција за успех било исполнувањето на поставените критериуми и услови.