Реклама

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Македонија

Мицкоски: Систематизацијата во институциите е нормален процес, правичната застапеност во МВР ќе се запази

Процесот на систематизација во институциите е нормален и треба одвреме навреме да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Процесот на систематизација во институциите е нормален и треба одвреме навреме да се случува. Правичната застапеност во систематизацијата во МВР ќе се запази, за тоа апсолутно никој да нема грижа, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на новинарски прашања по тркалезната маса „Воведување уставна жалба?“ за потребата од систематизација во МВР и како ќе се запази правичната застапеност, тој појасни дека законот, кој доби позитивно мислење од Венецијанската комисија ќе помине на следната Владина седница, а потоа ќе се најде пред пратениците.

– Апсолутно имаме потреба од нова систематизација во многу институции. И тоа  е нормален прицес. Процес кој апсолутно треба од време на време да се случува, затоа што потребите и навиките се менуваат. Дека ќе има правична застапеност, тоа апсолутно никој да нема грижа. Правична застапеност ќе има, рече Мицкоски. 

Реклама

Владата, нагласи, нема намера да политизира нешто што е Уставно право на некого. 

– Тука да немате дилема. Има опозициски политички партии кои што со конструкции и измислици се обидуваат да создадат поларизација во општеството, но ние поинаку се однесуваме, истакна премиерот.

Прашан за коментар за вчерашната посета на Тетово, каде на министерката за образование и наука Весна Јаневска од новинар и беше поставено прашање дали има со себе преведувач и оти претходно и било укажано кога ќе оди во Тетово треба да има преведувач со неа, Мицкоски посочи дека некои луѓе не заслужуваат коментар.

– Понекогаш тоа што нема коментар не значи дека некој нешто заборавил да коментира, туку едноставно некои луѓе и не заслужуваат да бидат коментирани. Ако некој одлучил да прави естрада и циркузант од себе, дозволете му, сите можат да го видат и да го слушнат. Подобро да премолчите отколку влезете во таа естрада, изјави Мицкоски.