Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Економија

Мицкоски: Шест квартали по ред имаме раст на БДП од 3,5 отсто во услови кога растот во ЕУ е под 1 отсто 

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека растот на прометот во индустријата е солиден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека растот на прометот во индустријата е солиден и оти ниедна земја во регионот нема таков раст. Вели дека има предизвици во индустријата, особено во делот на слабата активност на дел од рудниците, но нагласува дека оваа власт ќе направи сè постојните да се поактивни и да се отворат нови. Во таа намера, како што истакна, нема да ги спречат оние што не ѝ мислат добро на државата и кои би сакале сите рудници да се затворат.

– Па имајќи ја предвид состојбата во светот и во Европа, ценам дека растот во прометот во индустријата и дома и надвор е солиден и ние сме единствена земја што има таков раст во регионот. Друга нема таков раст. Честопати кога коментираме мора да правиме споредби. Оваа Влада шест квартали по има ред просек раст од 3,5 проценти на бруто-домашниот производ, но во услови кога растот во ЕУ е под еден процент. Некој ќе каже имало периоди кога растот бил и 5,5 или 6 проценти, но, да, тогаш и растот во рамките на ЕУ бил идентичен. Сега имаме за повеќе од три и полпати поголем раст од оној просечниот што е во ЕУ – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по постата во општина Ѓорче Петров.

Ова, нагласи премиерот, за нив претставува инспирација дека добро се справуваат со работите.

Реклама

– Не велам одлично, секогаш може подобро, но засега имајќи ја предвид глобалната ситуација, мислам добро се тераат работите – рече премиерот.

Додаде дека кај индустриското производство има два предизвика – слабата активност на рудниците и стабилизирањето на производството на електрична енергија.

– Една е слабата активност на дел од рудниците, иако има и такви структури во општеството што би сакале сите рудници да се затворат и оние што ги исполнуваат сите еколошки стандарди и на тој начин да ја банкротираат државата за да добијат грант повеќе. Има и такви. Еве гледам реакција веднаш по стратешкиот рудник за антимон за да добијат грант повеќе и да ги клеветат државата и оваа Влада, но овој пат мислам дека на тврд орев ќе налетаат. Нема да се повлекуваме затоа што тоа е иднината. Ако сакаме да имаме држава, тоа е иднината – рече Мицкоски.

Второ што е важно покрај рудниците, според премиерот, е да се стабилизира делот на произвиодството на електрична енергија.

– Мислам дека веќе е во рамките на стабилни текови, така што, генерално, имајќи ја предвид состојбата, ќе повторам, глобално сме на добра добра патека – потенцира премиерот Мицкоски.