Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Економија

Мицкоски: сакаме да направиме нешто од ништо, ќе донесеме повеќе од милијарда евра

Идејата ни е од ништото што го остави СДСМ да направиме нешто…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Идејата ни е од ништото што го остави СДСМ да направиме нешто – ова е одговорот на премиерот Мицкоски на прашањето за што ќе се потрошат половина милијарда евра кредит од Унгарија. Вели дека опозицијата се избрзала со критиките дека Владата се задолжила помалку од најавеното. Напротив, со Унгарија била договорена отворена рамка за финансирање, па можело да се повлечат и повеќе од една милијарда евра, но во вистинското време. Ако сега се земеле сите пари, само ќе се потрошеле беспотребно на камати, а веќе кон крајот на јануари доспевала еврообврзница издадена од претходната Влада.

„Имаме обврзница што ја земаа под ултра лоши услови, но таа доспева на 25 јануари. Зошто сега да земеме 500 милиони па граѓаните да плаќаат камата, кога можеме во јануари. Отворена ни е рамката. Зошто сега да плаќаме 10 – 15 милиони евра, ќе направиме вакви сали уште 30, зошто да ги трошиме тие пари? Мора да имате концепт, со пари сите знаат, но идејата е од ништо нешто да направите“ – вели Мицкоски.

Премиерот веќе најави дека половина од парите, односно 250 милиони евра ќе завршат кај општините на наменски сметки за капитални проекти. Останатите ќе бидат за инвестиции на стопанството. Фирмите ќе добијат 250 милиони евра со камати пониски од пазарните, но ќе треба и да исполнат одредени услови: да инвестираат за половина повеќе од доделените пари, да имаат нови вработувања и да имаат голем раст на производството.

Реклама

За позајмените пари, аналитичарите алармираа дека треба да завршат на вистинското место, а опозицијата критикуваше дека со финансирање на проекти за општините Владата се подготвува за локални избори и селективно ќе ги доделува парите. Мицкоски веќе најави дека пари ќе има за сите, а министерката за финансии дека со посебна формула ќе се обезбеди рамномерен регионален развој.

Планирано е ребалансот на буџетот да се најде на владина седница веќе утре. Министерката Димитриеска Кочоска најави дека има простор за пренамена на 200 до 300 милиони евра. Овие пари ќе се потрошат за зголемени пензии и за проекти за општините. Приходите, расходите и дефицитот во апсолутна бројка ќе останат исти, но дупката во државната каса како процент од БДП ќе биде поголема. Премиерот истакна дека претходната власт го оставила буџетот во катастрофална состојба, па веќе во следните три години требало да се вратат 2,87 милијарди евра долгови, сума еднаква на половина од државниот буџет.