Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Економија

Мицкоски: Реконструкцијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“ исторски момент за Охрид, очекуваме двоцифрен раст на патници на двата аеродрома

Означен е почетокот на реконструкцијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Означен е почетокот на реконструкцијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Градежните работи кои, како што беше најавено, ќе му дадат целосно нов лик на аеродромот, е предвидено да завршат до крајот на мај. Проектот ќе обезбеди 4 500 метри квадратни функционален простор, поудобно, поефикасно и попријатно искуство за патниците, како и подобри услови за работа на персоналот, полицијата и царинската управа. 

Премиерот Христијан Мицкоски го квалификува овој момент како исторски за Охрид и охриското крајбрежје, но и за сите околни општини.

-Со оваа реконструкција се зголемуваат капацитетот и квалитетот на аеродромот. Се надевам дека во предвидениот рок се ќе биде завршено. Во првите два месеца од годинава на скоспкиот аеродром има 30 отсто зголемување на бројот на патници, а на охридскиот за околу 20 отсто. Годинава очекуваме двоцифрен раст на патници на двата аеродрома. Разговараме со голем број тур-оператори кои организирано треба да носат туристи на охридското крајбрежје, а со еден сме пред склучување договор, кој надвор од сезоната ќе донесе околу половина милион ноќевања, истана Мицоски.

Реклама

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, изрази надеж дека отворањето на реконструираниот дел ќе биде во јули. 

 -Почнува сериозна реконструкција, надградба и проширување на охрдискиот аеродром. Ова се случува првпат откако аеродромот е изграден. Проектот треба да донесе 4 500 метри квадратни функционален простор, што е околу 2 500 повеќе од постојниот. Тоа ќе значи можност за многу повеќе патници, нивно попријатно чувство кога ќе слетуваат и полетуваат од охридскиот аеродром, ќе значи и многу повеќе можност за туризам, за бизнис и поврзаност. Инвестицијата е во повеќе фази, едната е оваа што се гледа, но има и други, споредни. Се надевам дека во јули ќе можеме да ве поканиме тука, на свечено отворање и да имаме комплетно нова приказна со која заеднички ќе бдиеме горди, напомена Николоски.

Според генералениот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, во текот на градежните активности, функционалното работење на аеродромот ќе продолжи. Тие се така планирани, за да се обезбеди безбедна и непрекината услуга на патниците. 

-Охрид е срцето на македонскиот туризам. Верувам дека може да блесне уште посветло, пречекувајќи што повеќе гости. ТАВ инвестира 2,7 милиони евра во неколку клучни подобрувања на аеродромот: проширување на оперативниот капацитет на патничкиот терминал и на капацитетот на шалтерите за регистрација на багаж и патници, проширување на зоната за безбедносна контрола,  ќе се прошири административната зграда, нов ресторан, нови канеларии за Граничната полиција и Царинската управа и паркинг за вработените, рече Курт.