Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Мицкоски: Работењето на Владата дава резултати, имаме нови 10 илјади работни места

Македонската економија продолжува да бележи раст, а невработеноста да се намалува. БДП-то…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската економија продолжува да бележи раст, а невработеноста да се намалува. БДП-то во вториот квартал годинава е зголемен за 3,4% во однос на истиот период лани, додека бројката на невработени се спушти на 11,5%. За премиерот Мицкоски ваквите бројки се охрабрувачки, но и реални резултати на политиките кои Владата ги спроведува.  

„Ако минатиот квартал првиот квартал бевме на 4 то место сега го делиме третото место со Хрватска. Пред нас се Ирска и Кипар со 3,6%“, изјави претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски.

Мицкоски објави дека раст е забележан и во надворешната трговија. Само во јули, извозот е зголемен за 4,69%, а увозот за 4,35%. Кумулативно, во првите седум месеци трговската размена е поголема за над пет проценти во однос на истиот период лани.

Реклама

„Изминативе седум месеци од оваа година од јануари до јули извозот расте побргу отколку увозот и тоа е редок пример, редок пример, ако ја гледаме наназаед 15 години македонската економија, кога во толку долг период имаме поголемо извозно ориентирање на државата, отколку увозно ориентирање, што значи се намалува трговскиот дефицит, што значи дека повеќе девизи повеќе пари остануваат во македонските компании и во рацете на македонските граѓани, што претставува и наша цел и наша задача како влада“,изјави претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски.

Мицкоски најави дека и покрај критиките на опозицијата и политиките со кои ја турка Македонија назад,  ќе продолжи со политики насочени кон економски раст и отворање на нови работни места, со цел долгорочна економска стабилност.