Реклама

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Прилози

🎥 Мицкоски: Пуштена нова делница од автопатот Кичево-Охрид, ова е силен доказ дека Македонија се движи напред

По повеќе од една деценија тапкање во место, а по седум години…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повеќе од една деценија тапкање во место, а по седум години не правење ништо, конечно над 50% од автопатот Кичево – Охрид е пуштен во употреба. По 17 километри кои беа пуштени во употреба во јули, од денеска се вози по нови 17 километри од автопатот. Станува збор за делницата од Климештани до Охрид, со мал прекин кај Требеништа. Конечно и пристапот до охродскиот Аеродром е модерен и поврзан со автопат.

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека овој автопат станува реалност, а очекува дека на Македонија ќе и донесе развој на туризмот и економијата и ќе се  отворат нови работни места. Охрид не е само амкедонски бисер, тку светско културно наследство, подвлекува Мицкоски.

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека автопатот бил заборавен и напуштен проект односно симбол за неработењето на СДСМ и ДУИ. Тој очекува автопатот да донесе нови бизниси и наплив на туристи во земјата.

Реклама

Жителите на Горјанци, Подмолје, Требеништа, Мешеишта и Оровник сега имаат пристапни патишта до автопатот. Директорот на ЈП Државни патишта вели дека многу е тешко да се изведува автопат на густо населени места и на веќе постоечки асфалт, но сега и тоа е завршено.

 Автопатот се гради од 2014. Изградбата вклучи соочување со геотехнички проблеми, дополнителни градежни работи и финансиски зголемувања. Првично предвидената инвестиција од 374 милиони евра се зголеми на околу 598 милиони евра, а крајниот рок за завршување неколкупати беше пролонгиран. Засега нема најави за зголемување на сумата пробивање на рокот.