Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Економија

Мицкоски: Пуштен е во употреба новиот градски пазар во Општина Виница

„Добар ден и од мене. Ќе ми дозволите најпрвин да му честитам…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Добар ден и од мене. Ќе ми дозволите најпрвин да му честитам на градоначалникот за исклучително мотивираната и успешна работа. Да се заблагодарам на советниците коишто ја подржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата овде во Виница којашто исто така ја подржуваат работата на градоначалникот бидејќи без тоа не би можело да се реализираат проекти. Исто така би сакал да се заблагодарам и на потпретседателот на Влада и министер за транспорт и на колегите од Владата, на пратеничката којашто е од тука од Виница којшто со својата секојдневна работа и залагање допринесуваат за проект повеќе за Виница, но и за околината, бидејќи тоа е многу значајно на тој начин да се развива целиот овој регион и Општина Виница“, порача Мицкоски од Виница.

„Ја користам оваа прилика да најавам уште еден значаен проект којшто конечно започнува со реализација, а тоа е експресниот пат Кочани-Виница-Делчево следната недела ќе биде распишан јавен повик за изработка на физибилити студија на пред проектно решение практично со што отпочнуваме со реализација на овој проект, тоа е отприлика процес од неколку месеци, а потоа со средства од буџетот и во соработка со меѓународни финансиски институции ќе биде објавен тендер за реализација по принципот жолт фидик на овој проект којшто ќе биде многу значаен којшто е ветуван со години, но еве дојде редот и да се реализира“, порача премиерот.

„Уште една работа којашто мислам дека полека ја завршуваме бидејќи временски мора да се завршат тие процеси, а тоа е конечно собравме од светски реномирани финансиски институции понуди за финансирање на проектот на клиничката болница, медицинскиот факултет и студентскиот дом во Штип. Такс што следната недела има состанок со министерката за финансии, а потоа заеднички состанок и со министерот за здравство и очекувам како дел од онаа стратешка соработка со Велика Британија и овој процес конечно да почне да се движи, бидејќи има некои законски норми коишто мораше да бидат завршени и очекувам дека сето тоа ќе биде ставено на шини и ќе можеме многу скоро денеска да сведочиме на рестартирање на изградбата на овие објекти, од почеток, но и она коешто треба да биде продолжено“, изјави премиерот Мицкоски.

Реклама

Ја користам уште еднаш оваа прилика да му честитам на градоначалникот и да му посакам и да продолжи понатаму, да не застанеме тука, добро е да сме успешни, но треба да бидеме уште поуспешни и понатаму.