Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Економија

Мицкоски: Проблемите со Бугарија се наследени, ќе ги решаваме еден по еден

Македонија скапо ги плаќа грешките направени од властите во минатото. Дали од лекомисленост или водејќи се од лични интереси сметаа дека со потпишување на бел лист хартија и прифаќање на преговарачката рамка, проблемите на Македонија ќе исчезнат, а членството во Европската унија ќе се случи преку ноќ. Сепак Бугарија не бира начини и средства како […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија скапо ги плаќа грешките направени од властите во минатото. Дали од лекомисленост или водејќи се од лични интереси сметаа дека со потпишување на бел лист хартија и прифаќање на преговарачката рамка, проблемите на Македонија ќе исчезнат, а членството во Европската унија ќе се случи преку ноќ.

Сепак Бугарија не бира начини и средства како да го блокира европскиот пат на земјата. По Бугарите во Устав, сега и Акцискиот план за малцинствата, стана нова пречка за Македонија да ги отпочне преговорите со Европската Унија. Мицкоски нема одговор што е тоа што на Бугарија и смета во акцискиот план, иако истиот е усогласен со експерт од Европската комисија и со 26-те земји членки на Унијата, освен Бугарија.

„За жал некои претходни политичари кај нас тоа не успеа да го препознаат, беа кратковиди или претпоставувам лекомислени или се водеа од лични интереси, мислејќи дека ако потпишат бел лист хартија сите проблеми ќе бидат решени. Тоа така не иде во реалниот свет и во реалната политика. За жал направија големи проблеми  за жал ќе треба тие проблеми да ги решаваме и ги решаваме еден по  еден, но се бориме тоа е нашата задача,  бргу и лесно ништо нема во жвиотот, сме покажале дека знаеме да победуваме, но само ве замолувам за трпение“, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Реклама

Со истиот Македонија се обврза за подобра застапеност на заедниците во институциите, заштита на нивниот културен и јазичен идентитет, унапредување на образовните и културни права, како и следење на говорот на омраза. Тој е изработен на македонски и англиски јазик од домашни и меѓународни експерти, во блиска консултација со Совет на Европа и Европската комисија и е документ којшто содржи јасно дефинирани мерки, рокови и надлежни институции и е целосно усогласен со највисоките европски стандарди. Наместо да биде поздравен како конструктивен чекор напред, документот од јануари годинава е предмет на апстрактни и неосновани коментари од страна на Бугарија.

Акцискиот план не е единствената блокада на Бугарија за Македонија. Претходно источниот сосед се противеше и земјата да биде дел од регионалната платформа „Три мориња“, иницијатива која ги поврзува земјите меѓу Балтичкото, Јадранското и Црното море.