Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Македонија

Мицкоски предупредува дека ДУИ планира да предизвика дестабилизација на Македонија, се води истрага

Масовни протести, кои може да станат насилни, и да предизвикаат дестабилизација, да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Масовни протести, кои може да станат насилни, и да предизвикаат дестабилизација, да го загрозат мирот и територијалниот интегритет на Македонија. Премиерот предупредува дека ДУИ е спремна да преземе чекори кои можат да го нарушат суверенитетот на земјава, само за да го зачуваат незаконски стекнатиот капитал. На заедничката прес – конференција со косовскиот премиер Албин Курти, тој дури не ја исклучи можноста одредени групи и структури да бидат изманипулирани и да само за да создадат меѓутеничка криза.

Раководството на ДУИ во обид да го заштити капиталот ќе превземе чекори во насока на дестабилизирање на државата а ние како влада имаме полно право да го браниме териоријалниот интегритет, мирот, стабилноста. Да почекаме дали тие информации се точни, ќе треба да се преземат мерки. Ние треба да работиме за интересот на граѓаните, но кога ќе добиеме информации за девијантно однесување на политички партии или некои групи, имаме одговорност, рече премиерот Мицкоски.

Мицкоски не откри детали за какви протести станува збор и на кои групи мисли, дали од дома или од соседството, затоа што во моментов МВР води истрага. Вели институциите будно го следат делувањето на опозициската партија и дека мора да се направи се за да не се нарушат меѓуетничките односи.

Реклама

Наместо подгревање на тензии кои би ја загрозиле интеретничката слика во земјава, власта очекува конструктивност. Но не само од ДУИ. Поддршка за сите чекори кои ќе го подобрат стандардот, животот на граѓаните, за процесите кои ќе ја движат земјава напред, за реформските чекори, очекува од сите партии.

Во однос на партиите, секоја конструктивност е добредојдена, подобрување на стандардот, поддршка во реформскиот процес, се што е за граѓаните. Жалам што и другите политички партии, СДСМ и Левица не ги поддржаа законските измени, туку само ДУИ, и очекувам кога ќе има реформски закони, да бидат поддржани од сите политички чинители, додаде Мицкоски.

ДУИ никако не може да се помири со заминувањето во опозиција после цели две децении на власт. Ова е прв пат, освен кратката пауза во 2006, што функционерите на ДУИ треба да се соочат со тоа дека не се на власт и дека ќе треба да одговраат за сите сторени криминали. Во изминативе две децении оваа партија важеше за една од најкорумпираните во државата, а новата власт најави дека секој кој се огрешил пред законот, ќе одговара.