Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

Mицкоски: Постигнавме историски договор со банките, каматата за компаниите од унгарскиот заем ќе биде 1,95%

Падна договор – Владата успеа во преговорите со банкарскиот сектор да договори…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Падна договор – Владата успеа во преговорите со банкарскиот сектор да договори каматна стапка од само 1.95 отсто за кредитите за бизнисот од унгарскиот заем наместо почетната позиција од 3,25. Според премиерот Христијан Мицкоски, ова е стапката на кредитниот ризик која фирмите ќе и ја плаќаат на банките. Добар дел од комерцијалните банки дале потврда и очекувањата се дека ќе се вклучат сите. Се очекува, парите многу скоро да бидат достапни за фирмите.

– Договорена е каматна стапка од 1,95 проценти, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата во зависност од потребите на компаниите. Ценам дека е ова историски договор со историска најниска каматна стапка, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по денешното пуштање во употреба на новата спортска сала во ООУ „Наум Охридски“  во скопското село Булачани.

Условите се фирмите да имаат 20 отсто сопствено учество што ќе придонесе за поттикнување на инвестициски циклус и раст на економијата. Токму на овој начин, Владата очекува да се постигне раст од над 3 отсто кој е проектиран во буџетот за догодина.  Се очекува инвестицискиот бран на стопанството да биде 300 милиони евра.

Реклама

– Тоа значи дека ќе имаме инвестициски бран од 300 милиони евра. Сите компании ќе имаат можност да ги вложат овие средства во основни средства за работа, во обновливи извори на енергија, како и во објекти кои ќе ги користат како свои административни згради, односно за сопствена потреба, рече Мицкоски.

По состаноците со банките беше соопштено дека тие се согласуваат на рочноста односно да нудат кредити со рок на отплата до 15 години со грејс период до три години. Секоја компанија ќе може да аплицира во банка по избор и потоа Развојната банка ќе трансферира пари до таа одредена банка.

Од бизнис коморите веќе го поздравија потегот на Владата за вбризгување пари во економијата. Тие со нетрпение ги очекуваат парите и порачаа банките да се однесуваат разумно.