Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Мицкоски: Помина времето на криминалците и клановите, Македонија победува и припаѓа повторно на народот

На 34-тата годишна Конференција на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ под…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На 34-тата годишна Конференција на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ под мотото „34 години постоиме за младите“, свое обраќање имаше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, кој се осврна на повеќе важни теми, од кои и на тоа што е направено во периодот од кога е оваа Влада, при што ги наведе рекордните странски инвестиции, растот на БДП, намалување на инфлацијата како и реновирање на студентските домови и историскиот договор за стратешко партнерство со Велика Британија.

„Од минусно салдо на раст на БДП и последни во Европа, за да денеска можеме со гордост да кажеме, дека растот во првиот картал од оваа година е 3,2%. Не е доволно. Ќе работиме и повеќе. Да надминеме од 4-6%. Факт е дека сме во првите 4 економии по растот на БДП во Европа, и први во регионот, на Балканот први. Од последни во Европа по странски инвестиции, минатата година којашто беше половина наша година, од наша влада, ја завршивме со рекордно ниво на директни странски инвестиции, од милијарда 255 милиони евра што ја прави државата прва во Европа, по странски инвестиции по глава на жител. Тоа значи прва во регионот, од последни-први за само шест месеци“, вели Мицкоски.

Тој исто така во своето обраќање истакна дека сега има најниско ниво на инфлација, растат платите на работниците за разлика од минатото, како и дека има и раст на индустриското производство, што е голем показател дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи одговорно и посветено.

Реклама

„Сетете се само на двоцифрените бројки на инфлација. 18-20-22-23 проценти инфлација. За да денес, во март објавиме ниво на инфлација од 2,7% едно од најниските во Европа. Порано растеа само платите на функционерите, а денес растат платите на работниците 9 – 10 проценти на годишно ниво. индустриското производство коешто беше длабоко во минус, денес во март изнесува 5.2 проценти и е најголемо индустриско производство, раст на индустриско производство, не само во регионот туку и во Европа. Од автопат Кичево-Охрид кој стагнираше, и беше најважно подизведувачите да се ако кажат оние од Кичевски Зајас или струмичко до автопат кој се гради и кој за една година ќе биде готов. Затоа што нема повеќе тендери во 4 очи, денес има работа, пот, одговорност и посветеност. Тоа е оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мицкоски.

Мицкоски, посочи дека се подобрува и стандардот на студентите, се реновираат студентските домови, како и дека Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија е од клучно значење за Македонија.

„Од руинирани и запустени студентски домови, до студентски домови кои се реновираат, кои се градат. И најавувам изградба на еден таков, нов студентски дом во Штип, по склопот на новата зграда на медицинскиот факултет, по склопот на новиот клинички центар, којшто ќе го почнеме како резултат на Договорот, а стратешко партнерство со Велика Британија, 200 нови најмодерни најсовремени легла за нашите млади, за нашите студенти, за идните доктори. Од срамни и штетни, предавнички договори до договори за стратешко партнерство со Обединетото Кралство. Помина времето кога криминалците и клановите беа главни, кога артановци и разноразни зечевиќи од државата имаа свој пашалак. Македонија денеска е исправена и победува. Македонија повторно припаѓа на народот. Ова е ново време. Ова е времето на Македонија“, истакна Мицкоски.