Реклама
Економија

Мицкоски: Политички инструирани, самонаречени синдикални водачи нема да подржи

Пред два дена среќен и задоволен, денеска на блокади. Со овој пример…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пред два дена среќен и задоволен, денеска на блокади. Со овој пример премиерот Мицкоски вели дека еден од синдикалните лидери е политички мотивиран и дека протестите на синдикалците се политички инструирани и имаат политича заднина. Тој очекува овој притисок да продолжи, односно блокирањето на институциите и стопанските комори. Според него, дел од синдикалните лидери ја злоупотребуваат функцијата и ги манипулираат работниците кои излегуваат на протести.

-Тоа ќе продолжи, затоа што ова има политичка позадина. Еден од денешните протестанти со мене држеше прес – конференција, во видно егзалтирана состојба, задоволен од тоа што го постигнавме. Денеска го гледате, блокира заедно со тој другиот кој што се повикува на работнички права, а злоупотребува службени возила за приватни цели и уште многу работи. Допрва, како што имам чувство, ќе бидат сведоци и работниците кој ги води и кој ги манипулира во овие политички инструирани процеси и тоа во периодот што следи ќе го има, рече премиерот .

Владата си ги исполнила своите обврски како најголем работодавач –вели премиерот. Според него, извршната власт си ја завршила работата и ја покачила платата за историски 40% на 11 илјади работници – вели Мицкоски. Вработените во управата, администрацијата и правосудните органи зголемувањето треба да го добијат во следните две години, почнувајќи од мартовската плата со исплата во април.

Реклама

-Овој договор на Владата со синдикатите значи уште еден историски договор, кој во следните две години и неколку месеци, односно почнувајќи од април 2026 година до април 2028 околу единаесет илјади луѓе од администрацијата и од службите во судовите и обвинителствата ќе добијат околу четириесеттина проценти повисока плата од таа што денеска ја добиваат. И со ова Владата како најголем работодавач го заокружува својот договор со своите колеги. Практично, на ова му претходеа здравствените работници, па образовните работници, па другите институции и конечно, сега со САДУ и со УПОЗ. На тоа ги додадовме и вработените во службите на судовите и обвинителствата, околу единаесет илјади наши колеги. Сето ова кога ќе се заокружи, ние можеме да кажеме дека до крајот на мандатот на оваа Влада сме ги регулирале нашите обврски и односи со нашите колеги, рече премиерот Мицкоски.

Додека траат обвинувањата на премиерот за политичка заднина на блокадите, опозициската СДСМ со отворена поддршка за синдикатите. Партијата повторно го поднесе предлог Законот за минимална плата, откако спикерот на Собранието го врати поради технички недостатоци. Лидерот на СДСМ, Филипче очекува тој да биде ставен на дневен ред во текот на февруари. Според него, пари з аисплата на покачен минималец од 600 евра можеле да се најдат во буџетот, ако се скратат средствата за патни трошоци и репрезентација.

„Во категориите 42 и 46 од Буџетот може да се скратат средства и да се обезбедат околу 7,5 милијарди денари, односно близу 120 милиони евра, за минималната плата да достигне 600 евра“ – изјави Филипче.

Минималната плата во Македонија во моментов изнесува 400 евра. Законски, во март таа треба да се зголеми за половина согласно покачувањето на просечната плата, а другата половина согласно порастот на трошоци за живот. Според досегашните пресметки, таа треба да биде повисока за околу 1600 денари.