Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Мицкоски: Подготвен сум за разговор за каква било идеја која води кон национално помирување и единство

Национално помирување и обединување околу државните стратешки интереси, стабилизација на државата, владеење…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Национално помирување и обединување околу државните стратешки интереси, стабилизација на државата, владеење на правото и ослободување на институциите од партиски влијанија –Христијан Мицкоски е подготвен да разговара со сите политички актери, а идејата за заедничка стратегија ја смета за важен чекор кон долгорочен развој на Македонија. За ова се потребни добри односи помеѓу власта и опозиицијата. Внатре во владината коалиција вели дека меѓусебното разбирање е на високо ниво.

Премиерот во новогодишното интервју за МИА порача дека дијалогот помеѓу политичките партии и академски и институционални чинители е важен, но истовремено ја искритикува ДУИ дека со националистичката реторика сака да постигне меѓуетнички тензии и да ја подели јавноста.

Ако некој мисли дека вака со гол популизам и дневна реторика на поделби и тоа создавање на етнички тензии, тогаш тоа е навистина проблематично бидејќи не можат никого да убедат во тоа што го зборуваат бидејќи тоа не го чувствуваат македонските граѓани, туку знаат дека оваа група за да го сокрие она кое што е поврзано со основани сомневања за сторен криминал……Добро е што е ова се’ поприсутно во јавноста, добро е што зафаќа темел, има свој корен и добро е да имаме ваков тип на дебати во коишто ќе имаме национално обединување и јас тоа го поздравувам, порача Мицкоски.

Реклама

Националното обединување е важно и за исполнување на стратешката цел на Македонија – влез во ЕУ. Нагласува дека реформи се потребни, но не смее да се дозволи и натаму Македонија да биде жртва на билатерални проблеми кои ќе бидат одлучувачки критериум дали земјава ќе оди напред или не. Тој е подготвен е во 2025. да се сретне со високи бугарски претставници за да ги разгледаат сите можности за решавање на проблемот. За уставни измени со одложено дејство, Мицкоски вели дека ниту еден политичар од ЕУ  не кажал „не“.  На 18 јануари, пак, заминува за САД, каде меѓу другото ќе побара поддршка од стратешкиот партнер за евроинтеграциите.

Како и секаде дома, така и надвор, се обидувам да ги презентирам нашите аргументи да се борам со аргументите на вистината, чувствата коишто ги имаат нашите македонски граѓани за сето она кое што се случуваше во минатото што се’ требаше да направиме. Неизвесноста, за иднината бидејќи повторно имаме билатерални пречки, стравувањата од сето тоа и покрај тоа што можеби сме направиле како ниту еден народ којшто пристапил во таа Европска унија ние се уште не сме ни милиметар поблиску кон Европската унија од тоа што бевме речиси пред 20 години кога се стекнавме со статусот кандидат и тоа не поради тоа што сме толку лоши, не испорачуваме реформи и слично, туку најчесто се тоа билатерални проблеми – нагласува Мицкоски и додава дека имаме и внатрешни проблеми што треба да се решаваат, вели Мицкоски.

За повеќето полициски акции за разбивање на криминални банди, терористички ќелии, сузбивање на корупција, Мицкоски е дециден дека се она што зависело од Владата и од институциите на извршната власт, ќе го завршат беспрекорно, а потоа на потег се правосудните органи.

За да биде комплетна борбата против криминалот и корупцијата, судството треба да се ослободи од политички влијанија и да обезбеди правда за сите граѓани – тоа може да се постигне само со длабоки и суштински реформи.