Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Мицкоски: Ова не е спринт, ова ќе биде маратон, имајќи ги предвид грешките од минатото

Она што го води денес СДСМ, партијата што го донесе преспанскиот договор, на отворена сцена испраќа пораки полни со конструкции и лаги, но факт е и не смееме да заборавиме дека тогашните евробирократи ни ветуваа дека ќе имаме големи придобивки од потпишувањето на тој договор – бесплатно и поквалитетно здравство, образование, повеќе за младите, веднаш […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Она што го води денес СДСМ, партијата што го донесе преспанскиот договор, на отворена сцена испраќа пораки полни со конструкции и лаги, но факт е и не смееме да заборавиме дека тогашните евробирократи ни ветуваа дека ќе имаме големи придобивки од потпишувањето на тој договор – бесплатно и поквалитетно здравство, образование, повеќе за младите, веднаш ќе влеземе во НАТО, веднаш ќе ги почнеме и ќе ги завршиме преговорите, но ништо од тоа не се случи. Ако се исклучи членството во НАТО, сè друго не се реализира.

Ова го истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски одговорајќи на новинарски прашања во врска со осумгодишнината од потпишувањето на преспанскиот договор и соработката со јужниот сосед.

– Поучени од тие лекции од минатото, ние денес ја водиме нашата надворешна политика, политика која не е составена од полирање чевли на евродипломати во Брисел и коленичење, туку која се темели на аргументи. Така се бориме во овој момент и така создадовме пријатели. Ова не е спринт, ова ќе биде маратон, имајќи ги предвид грешките од минатото. Но, ние сме подготвени да се бориме, се бориме и така ќе продолжиме – додаде премиерт Мицкоски.

Реклама

Владата е свесна, рече, дека ќе има многу предизвици, но е подготвена да ги решава еден по еден.

– Никако нема да се предадеме. Битно е дека Македонија забрзува и дека како многупати во минатото, и овој пат ќе победиме – потенцира Мицкоски. 

Тој е дециден дека нема никаков проблем да се сретне со сите соседи и да разговара на сите теми, па и за оние за кои не постои согласност од двете страни. 

– Немам никаков проблем да се среќавам и да разговарам со сите соседи, претставници на влади од нашето соседство. Ние со нашиот јужен сосед работиме на многу проекти, меѓу кои и гасниот интерконектор, нафтоводот, прекугранични проекти… Со Киријакос Мицотакис сме во иста група, во европското семејство на народните партии, со Неа демократија сега се видовме во Тиват. Јас не живеам од стереотипи и антагонизам, суштината во животот е да создадете пријател повеќе и во рамките на тоа пријателство да размените ставови на некои состојби со кои не се согласувате. Не може за сè да се согласиме, но важно е да разговараме. Јас апсолутно сум подготвен со секого да разговарам на сите теми, па и за оние за кои не се согласуваме – истакна премиерот по посетата на реконструираната Општа болница во општина Струмица.