Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Мицкоски остро реагира на реториката на Бугарија: Македонија немa да дозволи асимилација и негирање на идентитетот

Функционерите во Брисел сериозно да се позанимаваат какви пораки стигнуваат од Бугарија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Функционерите во Брисел сериозно да се позанимаваат какви пораки стигнуваат од Бугарија – кога во 21 век се води реторика на асимилација, негирање на македонскиот идентитет и продолжување на живковизмот, тврдења дека македонската нација била создадена од Јосип Броз Тито… Премиерот Христијан Мицкоски им порача на европските челници дека односот на нашиот источен сосед нема никаква врска со европски вредности.

Она што повеќе мене ме загрижува обидот на еден европратеник да вметне амандман Каде Македонскиот идентитет ќе вметне амандман present сегашност ЈА вади На површина реториката на Живковизмот. Не се проблем неколку Бугари суштински проблем, проблем е што има обид за асимилација и потврда на Живковизмот дека идентитетот ни е граден врз одлука на коминтерната и Тито и таа теза никогаш не исчезнала ги повикувам колегите од Брисел да видат какви пораки доаѓаат од Бугарија и да видат каква врска има тоа со европските вредности, рече премиерот Мицкоски.

Во очи на гласањето за извештајот за Македонија во Европскиот Парламент, Мицкоски е уверен дека ова се мали но сигурни чекори кои полека ни го трасираат патот до ЕУ на достоинствен начин.

Реклама

Сепак, ЕУ мора да покаже поголема волја за решавање на прашањето со Бугарија која се служи со уцени и ултиматуми за да го добие она на кое се согласи претходната власт.

Ние работевме на извештајот македонскиот јазик да биде потенциран посебниот многувековен идентитет… Сега ние правиме мали но сигурни чекори, додаде Мицкоски.

Во еден ваков период, кога македонскиот идентет и јазик е оспоруван од Бугарија, извстувашот во Европскиот Парламент, Томас Вајц јасно изрази поддршка, велејќи дека Македонците се Македонци, а македонскиот јазик е македонски. Побара конструктивност и поддршка од европратениците за извештајот за напредокот на земјава.

Очигледно, изненадена од острата реторика на македонските власти, Бугарија пред два дена донесе Декларација во Парламентот со која се повикува Макеоднија да ги исполни условите прифатени со францускиот предлог во 2022 година. За владата уставни измени се можни само со одложено дејство, кога ќе добиеме гаранции дека Бугарија веќе нема да го блокира патот до полноправно члество, поради билатерални прашања.