Реклама

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Македонија

Мицкоски од Салцбург: Во спорот со источниот сосед бараме конструктивно и прифатливо решение за сите, без уцени и условувања

Тој истакна дека источниот сосед досега не почитува 14 пресуди од Судот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тој истакна дека источниот сосед досега не почитува 14 пресуди од Судот за човековите права во Стразбур за регистрирање на здружение на Македонците кои живеат на тие простори, додека тие бараат внес на Бугарите во македонскиот Устав што покажува дека има отсуство на волја за приближување на работите.

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска обраќајќи се на 20-тиот Европски самит во Салцбург посветен на Европската Унија и реформите, истакна дека државата е блокирана од еден нерационален и билатерален спор, посочувајќи дека премногу долго интеграцискиот процес трае за државата обременет со многу детали кои влијаат за зголемување на фрустрациите и незадоволството од водењето на целиот процес.

„Кога станува збор за надворешната испорака на резултати, од странство како државата често добивавме само зборови, не дела. Резултатите недостигаат, имаме само обврски. И како минуваше времето, меѓу народот се зголемуваше фрустрацијата зошто сега повторно имаме повторен услов, повторно ограничување. И се прашуваме, во ред, треба да се исправиме како политичари. И сега, треба да застанам пред моите граѓани и да речам: видете, драги сограѓани, мои студенти, мора повторно да го промениме Уставот“, посочи премиерот Мицкоски.

Реклама

Тој истакна дека источниот сосед досега не почитува 14 пресуди од Судот за човековите права во Стразбур за регистрирање на здружение на Македонците кои живеат на тие простори, додека тие бараат внес на Бугарите во македонскиот Устав што покажува дека има отсуство на волја за приближување на работите.

Претседателот на Владата Мицкоски нагласи дека дури и да се внесат Бугарите во Уставот, никој не гарантира дека тоа е последен услов за исполнување на некоја обврска и дека за 6 месеци од сега нема да се бара нешто дополнително.

-Ние како Влада сме посветени на изнаоѓање на решение и активен дијалог. Едно од решенијата секако е да се примени формулата веќе применета во Преспанскиот договор за одложено дејство, поточно во моментите кога ќе влеземе во Европската Унија, тогаш тие одлуки во Уставот да станат активни, што секако претставува заштитен механизам од подоцнежни условувања, посочи Мицкоски.