Никогаш нема да се откажеме од наследството на светите браќа Кирил и Методиј, кои од Македонија ја пренесоа писменоста и христијанство меѓу целиот словенски свет, порача премиерот Христијан Мицкоски од конференцијата на Си Пак која се одржува во Будимешта.
Во моменти кога Бугарија директно удира кон македонскиот идентитет, Мицкоски порача дека ние иако мала држава, никогаш нема да се откажеме од кое што е наше. Според него татковината не е само географски поим, туку е и ќе продолжи да биде живо ткиво создадено од историја, традиција и заеднички стремежи.
-Во време кога христијанските вредности се напаѓаат, исмејуваат и исклучуваат од јавниот дискурс, ние сме повеќе од сигурни, никогаш нема да се откажеме од духонвото наследство на рамноапостолите светите браќа Кирил и Методиј, кои од Македонија ја донесоа писменоста и христијанството помеѓу словенскиот свет. Македонија, иако мала, никогаш не се откажала од својот идентитет, изјави Мицкоски.

Мицкоски кажа дека доаѓа од држава која што е во срцето на Балканот, која има длабоки историски корени, но и јасна визија за иднината. Според него патриотизмот никако не смее да се сфати како нешто застарено.
-Доаѓам од место во кое вековите не научија дека вистинската сила доаѓа од верноста кон вечните вредности, со кои никогаш не смее да се прават компромиси. Живеејќи во времиња кога лажните наративи се обидуваат да ги избришат и релативизираат нашите национални идентитети, ние сме тука за да го потврдиме спротивното. Партиозмот не е некоја ретро идеја, туку е единствениот пат кон просперитетна иднина, изјави Мицкоски.
Мицкоски говореше и за традиционалното семејство, кое некои сега се обидуваат да го редифинираат, велејќи дека тоа е најсветата институција која Бог ја створил.
-Ако Господ не го гради домот, напразно работат градителите, Псалм 127.1. Денес кога некои се обидуваат да го редефинираат семејството, ние се обидуваме да ја заштитиме таа основна клетка и вредност, семејството е нашиот темел, нашите татковини се нашата основа, затоа што многу добро знаеме дека секоја нација е силна колку што се силни нејзините семејствата, изјави Мицкоски.
Во рамки на конференцијата на Си Пак, Мицкоски оствари средба и со неговиот унгарски колега Виктор Орбан. Фокусот бил на одличната билатерална соработка помеѓу Македонија и Унгарија и можностот за нејзино натамошно продлабочување. Премиерот порача дека унгарската држава е наш искрен пријател, силен поддржуваш на македонската европска интеграција и важен стратешки партнер.
Во разговорот, Мицкоски нагласил дека Македонија цврсто посветена на својот европски пат, на остварувањето на европската перспектива и на зачувувањето на стабилноста во регионот. Нагласува дека Изразил благодарност за постојаната поддршка од страна на Унгарија со уверување дека стратешкото партнерство ќе продолжи да се развива со уште поголема динамика.
Инаку вчера, на отворањето на Конференцијата, унгарскиот премиер упати благодарност до Македонија и до премиерот Мицкоски за клучната улога во одбраната на европската граница од илегалната миграција.
Матеја Петровски
