Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Економија

Мицкоски: Очекуваме 250 проекти од општините

Голем интерес кај општините за државната помош. Досега 66 општини поднеле 215…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Голем интерес кај општините за државната помош. Досега 66 општини поднеле 215 капитални проекти кое чекаат на финансирање. Меѓу општините кои аплицираа се најде општина Битола со 16 проекти во вредност од 4 милиони евра. Меѓу нив се најдоа изградба и реконструкција на улици во вкупна должина од над 10 километри, атмосферска и фекална канализација во должина од 2,5 километри, во делот на спортот треба да се инвестира во нов Центар за спорт и санација на стадионот „Петар Милошевски“. Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, аплицираше со проекти за изградба на кружен тек, улици, водоводни линии. Општина Чаир поднела проекти главно за реконструкција на водоводи. Градоначалникот на Гази Баба мешу другото аплицирал за нова градинка во Инџиково и нова спортска сала во училиштето во Црешево. Општина Кисела Вода планира доградба на  основните училишта „Кирил Пејчиновиќ“ и „Невена Георгиева – Дуња“.

Премиерот Мицкоски истакна дека е задоволен што локалните власти се активирале, и тоа не само оние градоначалници кои доаѓаат од владејачката структура, туку и оние од опозицијата. Тој очекува општините да поднесат и до 250 проекти кои треба да го подобрат животот на граѓаните.

Општина Бутел веќе поднесе неколку проекти кои треба да се финансираат од државниот буџет. Градоначалникот Дарко Костовски вели дека на овој начин, повеќе од стотици илјади граѓани ќе имаат решени реални проблеми коишто се напластувале изминативе децении. На почеток на реализација е и изградба на Поликлиника во општина Бутел.

Реклама

И градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска се обидува повторно да ги протурка истите  проекти кои градскиот Совет и ги одби неколку пати, а се однесуваат за набавка на 80 еко автобуси и 15 електрични автобуси, овојпат со унгарски пари. Таа аплицираше и со проекти за реконструкција на улица Беласица, булевари, кружни текови, нови противпожарни возила. Сепак, министерот за локална самоуправа Перински навести дека од овие пари, не е предвидено да се поддржуваат проекти за набавка на нови возила.