Реклама

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Економија

Мицкоски: Очекувам 63-64 македонски проиводи да се извезуваат во САД по тарифи од 0 до 6,5 проценти

Од 15% на најмногу 6,5%. Американската администрација попушти и ја вброи Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од 15% на најмногу 6,5%. Американската администрација попушти и ја вброи Македонија меѓу земјите со повластени тарифни стапки. Тоа значи дека долгите преговори вродија со плод. Намалување на царините од САД кон Македонија најави премиерот Мицкоски. Тој вели дека очекува убави вести од американската администрација за пониски тарифи за околу 64 производи кои за државата се од стратешко значење. Тарифите треба да бидат ниски  иповластени и да с едвижат некад еод нула до 6 и пол отсто. Ова доаѓа по речиси целогодишни преговори и напори од страна на премиерот и повеќе министри во Владата, кои се трудеа најавените 33% минатиот април, кои подоцна станаа 15%, да ги сведат на минимум оптоварување за македонското стопанство.

„Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш, кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми кои ја критикуваа Македонија како добила 34 проценти тарифи од САД. Очекувам поволни вести, денеска да биде потврдено со заедничка изјава, очекувам некаде околу 63, 64 производи, кои за нас се стратешки, да бидат со повластена тарифа, која ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5 проценти“ – рече премиерот Мицкоски.

Премиерот очекува годинава инфлацијата да с естабилизира под 3%. Во пресрет на утрешното објавување на податоците за трошоците з аживот за јануари, тој рече дека најверојатно ќе има негативен месечен тренд во првиот месец од годинава. Тој вели дека домаќинските политики довеле до штитење на животниот стандард на граѓаните.

Реклама

Владата задоволна од растот на туристичкиот сектор. Откако државната статистика покажа зголемен број на туристи од 6% во 2025 година, премиерот вели дека е добро што имало големо зголемување кај странските туристи од повеќе од 10%. Дополнително секторот се доближува до бројката од 3 и пол милиони ноќевања во туристичките центри. Токму затоа, вели масовно се инвестира во зголемување на бројот на сместувачки капацитети и угостителски објекти за да се зголеми атрактивноста на Македонија како туристичка дестинација.