Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Економија

Мицкоски очекува едноцифрен процент на невработеност

Премиерот Христијан Мицкоски очекува првпат во земјава да имаме едноцифрен процент на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски очекува првпат во земјава да имаме едноцифрен процент на невработеност, како резултат на активностите што се преземаат со  Реформската агенда.  Бројот на невработени,  како што рече денеска во одговор на новинарско прашање, сега можеби е под 90 илјади, откако во ноември лани изнесуваше 91 илјада, што беше намалување за седум илјади во однос на ноември 2024.

– Сега можеби е и под 90 илјади. Со новите законски измени дел од барателите на работа ќе бидат избришани бидејќи на некој начин се присутни во полуформалната и неформалната економија. Првпат очекувам да имаме едноцифрен број проценти невработеност. Тоа е дел од Реформската агенда и усогласување со неа и не е тоа нешто што го правиме еднострано, изјави Мицкоски, при посетата на ООУ „Блаже Конески“ во општина Аеродром. 

Владата неделава одобри 10 илјади работни дозволи за странци за годинава, а премиерот укажува дека таков податок има секоја година и оти тие дозволи се издаваат за позиции кои се дефицитарни на пазарот на труд откако ќе се направи усогласување со работодавачите.

Реклама

– Тоа е податок кој се случува секоја година. Не е тоа податок кој не се случува секоја година, имаме, да речеме, работниците кои се дел од проектот во коридорите 8 и 10 д, се дел од овие работни дозволи. Таму има неколку илјади, да речеме. И не се само тие, мислам, има многу такви профили на работници кои на пазарот на труд се барање од стопанските комори и работодавачите. Таа бројка не отстапува ако се спореди со бројките од минатите години, рече Мицкоски. 

На новинарско прашање за најавите од „Макам-транс“ дека на 26 јануари ќе се приклучат на останатите земји од регионот со протести и блокади на осум гранични премини со што ќе запре транспортот бидејќи по воведувањето на новиот систем од страна на ЕУ сè уште немаат добиено никаков одговор на нивните барања премиерот најави дека денеска ќе разговара со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски за да увидат, како што рече, што може да се направи за да се избегне оваа блокада и да се надминат сите  пропусти кои се резултат на нефункционирањето  сè уште онака како што треба на одредени сегменти во институциите. 

Според Мицкоски, за проектот „Зелена линија“ („Green Line“) има одредени работи и финеси кои треба да се доусогласат.

– Транспортерите не треба да чекаат бидејќи тоа е суштината на проектот „Зелена линија“. Ние како држава ги исполнивме сите критериуми како резултат на сето тоа и реконструкција на одредени гранични премини. Мислам дека ќе се надмине овој проблем и не треба транспортерите да ги чувствуваат последиците од тоа што сè уште некои институции и кај нас, но и во Брисел не се подготвени за овој проект. Очекувам да излезат на протести и тие протести се оправдани, изјави Мицкоски, посочувајќи дека  последици од блокадите ќе има не само за македонската економија туку и пошироко.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: