Реклама

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Македонија

Мицкоски: Ние не сме Османи, Маричиќ, ни Ковачевски, нема да преземеме ништо додека не видиме јасна евроинтегративна рамка за Македонија

Владата нема да направи ниту еден потег без да има јасно видлив…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата нема да направи ниту еден потег без да има јасно видлив крај за евроинтегративниот процес, заштита на интересите на граѓаните, и надминување на сите препреки – без да треба Македонија да прави дополнителни жртви.

Она што го направиле Османи, Маричиќ и Ковачевски тешко ќе може да се исправи и ќе ја следи земјава цело време, но со обединети сили може да се постигне заедничката цел – Македонија да биде дел од европското семејство, дециден е премиерот Христијан Мицкоски. Според него, евроинтеграциите се загрозени поради авантурите на претходната влада, која прифаќала секакви уцени и ултиматуми.

Реклама

Ние не сме ниту Бујар Османи, ниту Маричиќ, ниту Ковачевски да бидеме лековерни и наивни да веруваме на интересите на трети страни. Наш интерес се македонските граѓани, државата и евроинтегративните процеси и тука стоиме во првата линија и ќе ги браниме и ќе се бориме. Имајте доверба, никогаш нема да го засрамиме граѓанинот, без разлика на етничката, политичката, партиската или непартиската припадност. Имаме заедничка цел, а тоа е Македонија еден ден да биде од европското семејство, изјави Мицкоски.

Доставување на Предлог уставни измени до Собранието пред да биде формирана влада во Бугарија, според премиерот Христијан Мицкоски, „би било наивно“ и таков унилатерален потег би значел дополнително загрозување на процесот. Повика на натпартиски став за уставни измени со одложено дејство  – да се исправат грешките од претходниците кои го прифатија францускиот предлог со кој Македонија може да изгуби многу, а да не добие ништо.

Често пати ми велат, ова се ситуации во кои треба да најдеме решение „вин-вин“. Не можеме, да најдеме „вин-вин“ решение. Не може двајца да победат. Тоа е невозможно. Овде ќе биде секој по нешто за изгуби. Но, вака како што е претходно концепиран Францускиот предлог, ние губиме се, а не добиваме ништо. Не мислиме да влеземе во процесот, и по шест месеци, година, три години, повторно некое прашање од средниот век да ни биде пречка да можеме влеземе во 22-век. Тоа нема да го дозволам додека сум претседател на Владата. Кога ќе дојдат медиокритети и егзибиционисти, какви што имавме изминатите седум години во политиката, можеби тие би прифатиле се на сметка на подлабокиот нивен џеб. Мојот интерес додека сум претседател на Владата е интересот на граѓаните. Се додека 75-80 проценти од граѓаните велат не така, вака, јас тоа мора да го почитувам и ќе го почитувам, изјави Мицкоски.

Македонија промени име, знаме, неколку пати го менуваше Уставот. Брисел не тешеше сите овие години дека сме „најдобрите во одделението“ и секогаш девизата беше „уште ова, и готово“. Поминаа години, се уште сме во ходниците, далеку од Европската Унија. Последна во низата пречки е условот од соседна Бугарија, да го вметнеме нивното малцинство во нашиот устав. Поради ова, власта настојува, овој процес да се заснова на гаранции – за да нема подоцнежни условувања.

Адријана Алексиеска