Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Мицкоски: Нема подобар начин да ви ги честитаме празниците, Македонија ќе го зајакне своето место на Балканот како важен транспортен коридор

Премиерот Христијан Мицкоски, објави завршување на новиот експресен пат Чатал – Длабочица…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски, објави завршување на новиот експресен пат Чатал – Длабочица – Крива Паланка, долг 25,5 километри. Овој проект според него претставува значаен напредок за инфраструктурата на Македонија и ќе придонесе за зајакнување на земјата како важен транспортен коридор на Балканот.

„Драги пријатели, почитувани сограѓани, патот по кој чекориме заедно со министерот за транспорт, Александар Николоски е новиот експресен пат Чатал – Длабочица – Крива Паланка во должина од 25,5 км, кој е голем чекор напред за нашата инфраструктура и економија.

Со вакви проекти Македонија ќе го зајакне своето место на Балканот како важен транспортен коридор. Нашата иднина е да изградиме модерна и безбедна инфраструктура. Ветивме и исполнуваме! Македонија со секој ден станува сѐ повеќе ваша и се враќа на народот.

Реклама

Нема подобар начин да ви ги честитаме празниците освен со она што најдобро знаеме да го правиме, работа и резултати!“, пишува премиерот Мицкоски во објавата на својата Фејсбук страница.