Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Економија

Мицкоски: Нема нови поскапувања, мазут има доволно да се задоволат потребите на ЕСМ за производство на струја

Цената на нафтата по подолго време во светот бележи намалување. Денеска се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Цената на нафтата по подолго време во светот бележи намалување. Денеска се движи на граница од 100 долари за барел. Со вакви цени на светските берзи, засега нема основа за повисоки цени во Македонија на бензинот и дизел горивото. Од Владата велат дека тие ја следат состојбата и доколку нагло проасне цената ќе реагираат навремено. 

Јас ги уверувам граѓаните дека во овој момент состојбата е стабилна и не гледам апсолутна никава причина за страв од немање енергенси, од воведување на не знам какви кризни состојби и во делот на пазарот на електрична енергија и во делот на пазарот на нафта и нафтени деривати“, ијзави Премиерот Христијан Мицкоски.

Во годината кога држвата треба да врати долг од над две милијарди евра, кон компаниите и меѓународните доверители, Владата ја одржува стабилна инфлацијата. Иако граѓаните претходно стравуваа од можни поскапувања на основните прехрамбени производи, државните институции велат дека се на терен и го контролираат работењето на маркетите. Евентуалното неоправдано богатење на трговците, се спречува со дневни инспекциски контроли. А, за најавата за поскапување на лебот, Владата најавува големи глоби доколку нивното образложение не држи вода

Реклама

„Имав состанок и со директорката од КЗК, го подготвуваме новиот зкаон со кој предвидуваме повисоки глоби за оние трговци кои ќе се однесуваат девијантно и непазарно и во зависност од тоа каква ќе биде реалноста, така и е ќе постапуваме, но тоа е факт дека сме држава со најниска стапка на инфлација во регионот“, додаде Премиерот.

Владата уверува дека нема да има поскапување на струјата. Последната цена регулаторна ја утврди почетокот од годината, а според закон промена е можна дури на почетокот на јули. Според моменталната состојба и доволните количини на јаглен, снабдувањето со електрична енергија на пазарот е стабилно, а има и доволно ресурси за домашно производство од обновливите извори на енергија.

Иако засега состојбата е стабилна и во првите два месеци инфлоацијата се движеше во рамките на проектираните 3 проценти, опизицијата прави дополнителен притисок да се прифатат нејзините мерки.

„Потребно е да се прифатат сите наши мерки, намалување на ДДВ, намалување на акцизата за да се види реално, објкетивно намалување на литар гориво кај нас, понатаму намалување на ДДВ то кај основните прехрамбени производи и преполовување на цените на горивата“, побара Претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Инаку мерките кои сега ги предлага СДСМ не беа спроведени кога тие беа на власт и кога поради почетокот на конфликтот во Украинак, пред 4 години, инфлацијата достигна речиси 20%.

По интервенцијата на Владата и намалувањето на стапката на ДДВ, Македонија останува со најевтини бензини во регионот со цена од 1,37 до 1,39 евра за литар и дизело од 1,55 евра за литар. Во соседна Србија бензините се продаваат и до 1,83 евра, а дизелот достигнува 1,95 евра за литар. На бензинските во Хрватска цените на бензините и дизелот се околу две евра за литар. Босна и Херцеговина има исти цени како и кај нас, но дизелот е значително поскап или 1,74 евра за литар. Во Словенија бензините се продаваат до 1,85 евра, а дизелот надминува две евра за литар. Во Црна Гора дизелот е нешто поскап од кај нас, а бензините значително поскапи или 1,56 евра за литар. Во Грција и Албанија дизелот надминува цена од две евра за литар.