Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Мицкоски: Нема да има привилегирани, треба да докажеме дека криминалот и корупцијата не се исплатливи

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, при отворањето на објект за обука на нови…

Сподели:

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, при отворањето на објект за обука на нови припадници на МВР, се осврна на корупцијата и криминалот во Македонија.

„Владеењето на правото и безбедноста на граѓаните се темелни вредности, и ние како Влада имаме обврска да ги почитуваме. Сè што се случувало и што ќе се случува е дел од бескомпромисната борба против криминалот и корупцијата. Во минатото, многу од нашите сограѓани се чувствуваа како граѓани од втор ред, додека мала група од СДСМ-ДУИ беа граѓани од прв ред. Сега нема привилегирани, борбата против криминалот и корупцијата е безмилосна, и мора да покажеме дека е неисплатливо да се занимавате со криминал и корупција“, истакна Мицкоски.

Премиерот потоа го спомена и еден обвинител, за кого рече дека „се одлучил да биде верен слуга на партија која била долги години на власт, наместо да спроведува правда“.

Реклама

„Еден обвинител, наместо да спроведува правда, се одлучи да биде верен слуга на една партија која беше долги години на власт. Вие новинарите добро знаете за кого зборувам, за оној кој имаше уво за ушка на една слика“, додаде Мицкоски.